Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Интуитивните технологии на XF го прават секое патување побезбедно, со подобра поврзливост и со поголемо уживање.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

Од исцрпни мултимедијални технологии до прецизно создадени аудио системи и интелигентни системи за помош на возачот - секој XF е дом за иновативните и беспрекорно интегрираните InControl технологии на Jaguar.

Креирајте свој модел

INCONTROL

Уживајте во најновите системи за информации и забава во автомобил и останете поврзани со вашиот XF и со светот со помош на InControl, пакетот од напредни технологии на Jaguar. Интелигентните решенија на системот InControl беспрекорно се интегрираат со вашите лични уреди, податочни уреди и медиуми, со што се грижат да го подобрат и збогатат доживувањето што го добивате со поседување и возење на овој автомобил.

Incontrol

TOUCH

TOUCH

Системот за информации и забава Touch е срж за поврзливост, контрола и забава кај XF. Неговиот екран на допир од 8 инчи со интуитивни контроли со допир и поминување со прст, ви обезбедува целосна контрола врз мноштвото карактеристики вклучувајќи ги аудио системот, клима уредот и системот за навигација.

Надградувајќи го системот InControl Touch, опционалниот пакет InControl Connect ви дава можност да создадете Wi-Fi хот-спот со помош на антената на вашиот автомобил. Други карактеристики вклучуваат мултифункционална апликација којашто ви овозможува да го набљудувате и да комуницирате со XF од вашиот паметен телефон*.

*Гореопишаните карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот.

TOUCH PRO

TOUCH PRO

Унапредувајќи ја технологија на XF до следното ниво, Touch Pro има екран на допир од 10,2 инчи со брзо време на реакција. Во карактеристиките на Touch Pro спаѓаат гласовна контрола со природен дијалог, вграден простор од 10GB специјално наменет за складирање медиуми и целосно новиот систем за навигација, со мапи во 2Д или 3Д, сателитски погледи и функција за навигација со предвидување.

Освен тоа што ги нуди сите карактеристики на Connect, опционалниот пакет Connect Pro нуди и лепеза од дополнителни услуги коишто се достапни само кај Touch Pro. Меѓу уникатните карактеристики е вклучена функцијата Online Routing, којашто ги набљудува условите во сообраќајот во живо, обезбедувајќи ви да го завршите вашето патување во најкус можен рок*.

*Гореопишаните карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот.

ДВОЕН ПОГЛЕД

ДВОЕН ПОГЛЕД

Опционалниот систем Двоен поглед им овозможува на возачот и на совозачот да уживаат во различни содржини на истиот екран на допир од 10,2 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот го гледа водењето преку навигацијата.

IN-CAR WIFI

IN-CAR WIFI

Опционалните пакети Connect или Connect Pro нудат Wi-Fi хот-спот што ја користи моќната надворешна антена на XF - овозможувајќи им на патниците безжично да поврзат до осум уреди со Wi-Fi мрежата на XF.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ СО ЛАСЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ СО ЛАСЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Фокусирајте се на патот со помош на Head-Up дисплејот на XF којшто користи ласерска технологија. Овој најсовремен систем проектира бројни важни информации врз ветробранското стакло. Неговиот остар, светол, ласерски генериран сликовит приказ останува јасен и на директна сончева светлина, и може да ги прикаже брзината на возилото, известувањата од системот за навигацијата, од системот за контрола на патната брзина и податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, кадешто е достапно.

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ

12,3-инчниот виртуелен дисплеј со инструменти* со висока резолуција на XF се карактеризира со целосно нов графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Можете да изберете една од четирите претходно поставени теми на дисплејот, или целосен поглед на мапа во 3Д, да одговара на вашите желби.

*Опционално и достапно само како дел од InControl Touch Pro.

АУДИО СИСТЕМИ

АУДИО СИСТЕМИ

Врвните аудио системи на XF ја оживуваат вашата музика. Стандардниот аудио систем на Jaguar нуди акустично доживување преку 8 звучници. За напредно акустично доживување, можете да надградите до пакетот Touch Pro* и да изберете еден од опционалните системи на Meridian, аудио системот од 380W со 11 звучници или опционалниот аудио систем од 825W со опкружувачки звук што нуди концертно доживување од 17 звучници. Сето тоа гарантира дека, каде и да се седи во XF, секој еден ќе ужива во богато, просторно аудио доживување.