Logo jaguar mobile

НАДВОРЕШНОСТ

Извонредниот квалитет и мајсторската изработка заедно со современиот британски дизајн овозможуваат XF да биде бизнис седан со уникатна убавина и динамичен луксуз.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Забележете ја надворешноста којашто е затегната и атлетска. Прекрасно дефинираните криви линии го оживуваат неговиот самоуверен карактер. Исправената украсна маска којашто влева доверба и моќниот издаден дел на хаубата ја засилуваат неговата намера. Профилот со совршени пропорции на XF се нагласува преку единечен елегантен лак којшто се протега по целата должина на каросеријата и достига кулминација кај специфичните ЛЕД крајни светла, со двоен декоративен кружен дел инспириран од стилот на F-TYPE.

Креирајте свој модел

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Непоколебливиот надворешен дизајн на XF е природно аеродинамичен. Неговиот напреден облик ги подобрува управливоста, динамиката и префинетоста. Дури и рамно поставените фарови и страничните отвори за вентилација беа прецизно дотерани преку исцрпувачки тестирања на дизајнот за да се намали отпорот на воздухот и да се зголеми силата на притискање.

ПРЕДЕН ДЕЛ

ПРЕДЕН ДЕЛ

Украсната маска којашто влева доверба и моќниот издаден дел на хаубата ја нагласуваат самоуверената појава на XF.

СТРАНИЧЕН ДЕЛ

СТРАНИЧЕН ДЕЛ

Аеродинамичните линии на XF се прецизно обликувани со помош на неуморните тестирања за да се добие совршено ефикасно струење на воздухот кај XF. Од интегрираната форма на предниот одбојник до суптилниот испакнат дел на крајниот раб на капакот на багажниот простор, секој елемент придонесува за намалување на отпорот на воздухот на поголеми брзини.

ЗАДЕН ДЕЛ

ЗАДЕН ДЕЛ

XF ги демонстрира принципите на Jaguar за чист дизајн. Моќните линии зрачат со динамичен карактер и ги надградуваат неговите способности - со подобрување на аеродинамиката, видливоста, стабилноста или безбедноста.