Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА НА МОТОРОТ

XF нуди избор од префинети, ефикасни дизел или бензински мотори - сите овозможуваат динамичко доживување во возењето и перформанси карактеристични за Jaguar.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ПЕРФОРМАНСИ И ЕФИКАСНОСТ

Независно дали ќе изберете еден од нашите најнови Ingenium мотори со висока технологија или пак чистите перформанси на V6 моторот, секој мотор ви гарантира Jaguar возење со брза реакција.

Креирајте свој модел

Кратка напомена

Lorem ipsum dolor si.

СЕРИЈАТА INGENIUM

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2.

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новите 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три од дизел моторите во серијата XF се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење – собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот – за максимална економичност, особено во градското возење.

*Зависи од пазарот.

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-литарскиот V6 дизел мотор со двоен турбо полнач нуди исклучителни моќност, вртежен момент и карактеристики за возење. Моторот го користи иновативното двојно-паралелно секвенцијално турбо полнење – идеја развиена од страна на Jaguar Land Rover – за да се добие глатко, побрзо развивање моќност на секаков број на вртежи на моторот, како и двостепеното водено ладење за штедење на енергијата.

МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

Бензинските мотори на XF нудат моќност и брза реакција, а истовремено ја унапредуваат ефикасноста. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор којшто го делат со F-TYPE, е достапен во двете верзии за моќност, и 340PS и 380PS. Овие целосно алуминиумски мотори овозможуваат моментален пристап до високите перформанси и вртежни моменти при кој било број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Обезбедувајќи брза промена на степените на пренос за беспрекорно забрзување, автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XF има брза реакција и мирна и ефикасна работа. Со современиот вртлив селектор во бојата Satin Black - трансмисијата нуди уште побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kick-down“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим и порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот. Може да изберете и рачно менување на степените на пренос, преку лопатките поставени на воланот, со еден допир на прстот.

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА*

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА*

Напредната, со мала тежина, рачна трансмисија со 6 степени на пренос придонесува за извонредната ефикасност на XF. Нејзиното куќиште од алуминиумска легура, шупливите вратила и олеснетите запченици го штедат секој можен грам од тежината - со што оваа единица е со најмала тежина во класата. Специјално дизајнирана за перформансите на спортски автомобили - се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор.

*Рачната трансмисија е достапна со турбодизел моторите Ingenium, 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 163PS (E-Performance) и 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 180PS. Ова е во зависност од пазарот.

ИНЖЕНЕРСКО СОВРШЕНСТВО

ИНЖЕНЕРСКО СОВРШЕНСТВО

За да овозможи најсовремено инженерско совршенство, XF е создаден со помош на некои од најновите техники во автомобилската индустрија. Изграден на целосно новата алуминиумска конструкција со мала тежина на шасијата и потпирањето. Овој XF од последната генерација ги користи најмодерните мотори Ingenium произведени во нашиот нов, 500 милиони фунти вреден, напреден центар за производство на мотори во Обединетото Кралство.