Logo jaguar mobile

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Динамиката во возењето кај автомобилите на Jaguar е легендарна - XF го крева овој стандард уште повисоко.

КОМФОР И ДИНАМИКА

Со својот супериорен комфор во возењето и извонредното спортско управување, XF нуди простор за возбудливи доживувања при возењето. За прв пат достапна кај дизел моделите како и кај бензинските модели, опцијата Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот* на XF му дава уште поголема способност во предизвикувачките услови на патот.

*Зависи од пазарот.

Креирајте свој модел

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА И ИНТЕЛИГЕНТНА ДИНАМИКА НА ПОГОНОТ

XF го нуди уникатниот систем на Jaguar Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот (IDD)* и Системот за прилагодување кон површината (AdSR)** кај бензинските модели и, за прв пат, кај моделите со дизел мотор. Ексклузивно развиен од Jaguar, уникатниот софтвер IDD се карактеризира со софистицирани алгоритми за да може интелигентно да реагира на условите на патот. Системот работи со предвидување а има и брза реакција, се грижи да не ја изгубите тракцијата наместо да работи за да ја добиете повторно. Надополнувајќи ја способноста на XF, системот AdSR може да работи на секаков број на вртежи на моторот, автоматски препознавајќи ги разликите помеѓу површините за да го искористи максимално расположивиот зафат на тркалата со површината.

*Зависи од пазарот.
**AdSR е опционален систем кај возилата со Погон на сите тркала опремени со системот Прилагодлива динамика.

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Основата на беспрекорното возење, управливост и динамика на XF е алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar. Таа овозможува скоро совршен баланс од 50:50, поддржувајќи агилно и прецизно возење.
Намалувањето во тежината што го добиваме со широката употреба на алуминиум ја намалува потрошувачката на гориво, ја намалува емисијата на CO2 до само 104g/km и го позиционира XF како еден од автомобилите со најмала тежина во неговата класа.

ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

XF има агилна реакција и динамичко однесување и секогаш го задржува комфорот во возењето. За тоа може да ѝ се заблагодари, делумно, на алуминиумската конструкција со мала тежина, којашто сепак е исклучително крута и има голема јакост. Таа е совршена платформа за софистицираните системи за потпирање, со двојна вилушка - напред и Integral Link - назад, и на XF му дава дух на спортски автомобил.

ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

Алуминиумски компоненти со мала тежина и голема јакост ги сочинуваат софистицираните системи за потпирање, напред и назад, на XF. Напред, конструкција на потпирањето со двојна вилушка, слично на потпирањето кај F-TYPE, обезбедува управливост којашто е водечка во класата. Назад, системот за потпирање Integral Link обезбедува крутост којашто ја поддржува управливоста, уште повеќе го унапредува квалитетот на возењето и го зголемува просторот на динамички способности на XF.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)

Уникатен во оваа класа на автомобили, системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)* на Jaguar ви дава дополнителна сигурност во лизгави услови - тргнување на патека покриена со снег, возење на наклон со мраз на коловозот, дури и при влечење по мокра трева. ASPC е систем за контрола на мала патна брзина којшто се грижи XF да ги надмине ситуациите со мала тракција, без оглед на временските услови, и да ви овозможи да се концентрирате на управувањето.
*ASPC е дел од стандардната опрема кај сите мотори со автоматска трансмисија.

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Инспириран од спортскиот автомобил F-TYPE, опционалниот систем Динамика којашто може да се конфигурира* ви овозможува да ја поставите динамиката на XF за мапирање на гаста, моментите на менување на степените на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси. Системот се активира кога ќе се избере динамичкиот режим во JaguarDrive Control. Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на XF со поостра реакција на гаста, го прави управувањето потврдо и дава побрза промена на степените на пренос и промената ја изведува на повисок број на вртежи на моторот. Кога е вграден опционалниот систем Прилагодлива динамика, можете да внесете личен детаљ во поставките преку конфигурација на поставките за амортизерите.
*Системот Динамика којашто може да се конфигурира не е достапен кај 163PS, 240PS, Pure или со рачна трансмисија.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Независно дали забрзувате на автопат, совладувате свиоци на локални патишта или се движите низ град, системот Прилагодлива динамика* ја модифицира реакцијата на XF за да се совпадне со условите и со вашот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу смиреноста и комфорот за цело време.

*Опционален систем кај сите модели со исклучок на моделот Pure, дел од стандардната опрема кај моделот S.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

Електричниот серво управувач (EPAS) на XF нуди извонредена повратна информација, контрола и моментна помош за управувањето. Овозможувајќи софистицирана компјутерска контрола за да се прилагоди нивото на поддршка за управувањето, EPAS фино го одредува износот на помош за управувањето во секој свиок и за секое маневрирање. EPAS исто така работи заедно со другите карактеристики за помош во автомобилот, вклучувајќи ги Помош за задржување во коловозна лента (LKA)* и системот Помош при паркирање*, за да понуди повисоко ниво на безбедност и да ја зголеми удобноста на возачот.

*Опционални карактеристики.

JAGUARDRIVE CONTROL

JAGUARDRIVE CONTROL

JaguarDrive Control ви овозможува да изберете Стандарден, Еко, Динамичен или режимот Дожд Мраз Снег, и секој од нив суптилно ги менува управувањето, реакцијата на гаста и моментите за менување степен на пренос. Еко режимот го поддржува штедливото возење додека динамичниот режим ја заострува реакцијата на гаста, го продолжува задржувањето во одреден степен на пренос и го прави управувањето потврдо. Преку избирање на режимот Дожд Мраз Снег, системот автоматски го придушува забрзувањето и нанесува постепено зголемување на тракцијата во лизгави услови.