Logo jaguar mobile

XE

Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан произведен од Jaguar досега.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,2 со рачна трансмисија
Од 4,7 со автоматска трансмисија

СПОРТСКИОТ СЕДАН РЕДЕФИНИРАН

Со самоуверен изглед и агилно возење, XE е веднаш препознатлив како Jaguar. Се чувствува како Jaguar, вози како Jaguar - XE е Jaguar до срж.

Закажете тест возење

НАПРЕДНА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

Со коефициент на отпор на воздухот од Cd. 0.26, XE го сече воздухот за да ги унапреди ефикасноста и префинетоста. Од апсолутната возбуда од V6 моторот со компресор којшто е способен за брзина до 250km/h, до штедливоста во емисијата на CO2 од 99g/km, тука е палетата на мотори коишто одговараат на секој стил на возење.

Технологија на моторот
Play

ДИНАМИЧНИ ПРОПОРЦИИ

XE веднаш паѓа во око - издвојувајќи се од конкуренцијата со одличните пропорции и чистите површини коишто го формираат јадрото на дизајнот на Jaguar.

Истражете го ДИЗАЈНОТ НА XE

INCONTROL

InControl е нашиот пакет од напредни технологии што ве поврзува и вас и вашиот XE со останатиот свет. Изберете еден од двата системи за информации и забава на InControl: InControl Touch, достапен кај секој XE, или надградете го до најновата верзија на системот за информации и забава во автомобил со нашиот моќен нов систем InControl Touch Pro*.

*Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Land Rover за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Land Rover. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО АВТОМОБИЛ

XE: ПОИНТЕЛИГЕНТНИОТ ИЗБОР

Нудејќи иновативни и интелигентни технологии за да одржува минимални трошоци за експлоатација, како и конкурентни проценки за осигурителна група - XE е навистина поинтелигентиот избор.

Креирајте свој модел

НАЈДОБРА ОЦЕНКА ВО КЛАСАТА СПОРЕД EURO NCAP

XE не само што беше награден со максималната оценка за безбедност од 5 ѕвезди, туку тој е официјално и најбезбедниот автомобил во категоријата на големи семејни автомобили, триумфирајќи на престижните награди на Euro NCAP за Најдобри автомобили во категорија за 2015 година.

За да се постигне ниво на безбедност коешто е најдобро во класата и да се добие максимална оценка од 5 ѕвезди во тестовите на Euro NCAP, XE нуди извонредна заштита од судар, со високи резултати во сите категории, вклучувајќи ги категориите за безбедност на Патник и на Пешак.

XE е опремен со палета на системи за активна безбедност вклучително системот Автономно итно кочење за дополнително унапредување на нивото на безбедност од светска класа.

Дознајте повеќе
XE ЗА БИЗНИС

XE ЗА БИЗНИС

XE е дизајниран од горе до долу имајќи ги на ум потребите на бизнисот. Нуди висококонкурентни вкупни трошоци за поседување (TCO), со емисија на CO2 од 99g/km, потрошувачка на гориво од 3,8l/100km и до 34.000km или 2 години меѓу редовните сервисни прегледи.

Изберете еден од петте модели

Пронајдете ја вашата рамнотежа од ефикасност, перформанси и луксуз со серијата модели XE.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ XE

XE PURE

Суштината на XE - перформанси фокусирани кон возачот, со легендарната префинетост на Jaguar.

XE PRESTIGE

За дополнителен луксуз, со внатрешност прекрасно изработена од најфините материјали.

XE PORTFOLIO

Кулминација од луксуз во XE, со елеганција и софистицираност во своето срце.

XE R-SPORT

Самоуверен спортски стил, со спортски декоративни елементи на надворешноста и спортски седишта со прилагодување во осум насоки.

XE S

Чисти спортски перформанси со неверојатниот 3.0-литарски V6 380PS мотор со компресор.