Logo jaguar mobile

Внатрешност

Фокусиран, прецизен и прекрасно изработен. XE е место за инспирација за возачот и патниците.

НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

Поврзете се со XE од моментот кога ќе седнете во обликуваните седишта - во Jaguar се седи ниско. До вас е подигнатата централна конзола којашто ви дава чувство дека сте во спортски кокпит, додека скалестата инструмент табла елегантно се простира пред вас. Секој елемент за контрола ви е на дофат на раката.

Креирајте свој модел

ЛУКСУЗНА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

Уникатната скалеста инструмент табла на XE елегантно се простира пред вас, обезбедувајќи чувство на пространост.

XE ОЖИВУВА

XE ОЖИВУВА

Пулсирајќи во ритамот на срцето, копчето Start кај XE создава емоцинална врска меѓу вас и вашиот автомобил. Неговиот ритам од 72 двојни отчукувања во минута е истиот како кај дивата мачка јагуар во мирување. Притиснете го копчето Start и XE ќе се разбуди, стрелките се поместуваат, моторот ’ржи. Кај автомобилите со автоматска трансмисија, JaguarDrive Control се подига и ви пружа рака за поздрав.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Кабината на XE е ваш простор за којшто можете да создадете уникатен изглед и чувство. Обезбедуваме првокласен квалитет, современи материјали и прецизна мајсторска изработка - опишете ни ја вашата идеалена внатрешност. Глатките модерни фурнири заедно со висококвалитетните текстилни и кожни тапацири ви стојат на располагање за да се надополни спектарот на тематски бои.

ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

Низ целиот XE природните форми на внатрешната архитектура ѝ се предаваат на широката палета од современи или традиционални материјали и завршни обработки. Отворите за вентилација во бојата Satin Chrome на краевите на инструмент таблата на XE, се вгнездуваат во рамките на вратите. Осветелни одзади со опционалното внатрешно осветлување на XE, тие ја нагласуваат и ширината на кабината и нашето исклучително внимание кон деталите.

КОМФОР ЗА ПАТНИЦИТЕ

КОМФОР ЗА ПАТНИЦИТЕ

Со должина од 4672mm и ширина од 1850mm (без ретровизорите), на задните седишта во XE може комфорно да седат три возрасни лица. Багажниот простор со зафатнина од 455 литри, нуди голем простор и за багажот.