Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

XE е опремен со најновата технологија и се грижи за вашата сигурност, забава и поврзливост.

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

Од исцрпни мултимедијални технологии до прецизно создадени аудио системи и интелигентни системи за помош на возачот - XE е дом за многубројни иновативни и беспрекорно интегрирани технологии.

Креирајте свој модел

Кратка напомена

Lorem ipsum dolor si.

TOUCH

TOUCH

Командниот центар на XE се вика Touch. Неговиот 8" екран на допир со интуитивни контроли со допир и поминување со прст, ви обезбедува целосна контрола врз мноштвото системи вклучувајќи ги аудио системот, клима уредот и системот за сателитска навигација.

TOUCH PRO

TOUCH PRO

Унапредувајќи ја технологијата на XE до највисокото ниво, Touch Pro* има екран на допир од 10,2 инчи со молневита реакција. Во карактеристиките на Touch Pro спаѓа и целосно новиот систем за навигација со предвидување, природна интеракција со дијалог и вграден простор од 10GB специјално наменет за складирање медиуми.

ДВОЕН ПОГЛЕД

ДВОЕН ПОГЛЕД

Опционално само со Touch Pro, системот Двоен поглед им овозможува на совозачот и на возачот да уживаат во различни медиуми на истиот екран на допир од 10,2 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот ја гледа навигацијата.

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ**

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ**

12,3-инчниот виртуелен дисплеј со инструменти со висока резолуција на XE се карактеризира со целосно нов графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Можете да изберете една од четирите претходно поставени теми на дисплејот, или целосен поглед на мапа во 3Д, да одговара на вашите желби.

**Опционално и достапно само како дел од Touch Pro.

INCONTROL APPS*

INCONTROL APPS*

Функцијата InControl Apps ви овозможува да ги користите разните апликации за паметен телефон коишто се оптмизирани за употреба во возило, на вашиот екран на допир. Со постојано проширување на асортиманот на услуги, InControl Apps може да ви помогне во планирањето на вашето патување, во организирањето на вашиот следен состанок и во откривањето на светот околу вас.

CONNECT*

CONNECT*

Издигајќи ја поврзливоста на вашиот XE на следното ниво, функцијата InControl Connect ви ја дава опцијата да создадете 3G хот-спот со помош на антената на вашиот автомобил. Други карактеристики вклучуваат мултифункционална апликација којашто ви овозможува да го набљудувате и да комуницирате со XE од вашиот паметен телефон.

CONNECT PRO*

CONNECT PRO*

За понатамошна надградба на Touch Pro, опционалниот систем Connect Pro се состои од InControl Apps, апликацијата за паметен телефон Remote Premium, Wi-Fi хот-спот и Pro Services вклучувајќи ја функцијата Сообраќајни информации во реално време. Меѓу останатите карактеристики спаѓаат синхронизирање на вашите омилени патувања преку системот за навигација на Touch Pro во автомобилот, апликацијата Route Planner на вашиот паметен телефон и веб-локацијата Route Planner.

SECURE TRACKER*

SECURE TRACKER*

Следејќи го вашиот XE во случај на кражба или на какво било нелегално движење, Secure собира информации со коишто ќе се погрижи да се лоцира и оспособи вашето возило што е можно побрзо. Дури и ако вашиот автомобил е украден со клучевите, вие можете да го сигнализирате тоа преку повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата InControl Remote.

PROTECT*

PROTECT*

Protect ви нуди спокојство преку функцијата SOS итен повик и системот Optimised Jaguar Assistance. Исто така, апликацијата за паметен телефон Remote Essentials ви дава важни информации за XE, каде и да сте. Можете далечински да го проверите нивото на гориво во резервоарот, да го најдете вашиот XE на преполн паркинг, да ги сочувувате вашите патувања, па дури и да проверите дали не сте оставиле отворен прозорец.

АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ*

АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ*

Во случај да се забележи потенцијален судар, XE издава звучно предупредување за челен судар. Потоа, следат визуелни предупредувања. Ако возачот воопшто не реагира, системот ќе го активира кочењето за да се намали тежината на можниот судар.

*Стандардна карактеристика (зависи од пазарот)

WI-FI ВО АВТОМОБИЛ**

WI-FI ВО АВТОМОБИЛ**

Со поддршка од моќната надворешна антена на XE, Wi-Fi хот-спот обезбедува пристап до интернет од автомобилот, овозможувајќи истовремена употреба на до осум безжични уреди. Патниците можат да се поврзат со безжичната мрежа на автомобилот за да сурфаат, да работат, да ги обноват социјалните медиуми и да се забавуваат во текот на целото патување. 

** Опционална карактеристика

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ*

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ*

Опционалниот Head-Up Дисплеј (HUD) со ласерска технологија ги проектира главните информации врз ветробранското стакло. Кадешто е достапно, податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, брзината на возилото, известувањата од системот за навигација и од системот за контрола на патната брзина се проектираат јасно дури и при директна сончева светлина. Системот HUD се грижи да го минимизрате времето што ви е потребно за гледање надолу, кон групата инструменти.

*Опционална карактеристика

АУДИО СИСТЕМ

АУДИО СИСТЕМ

XE ви нуди серија од напредни аудио системи, вклучувајќи го аудио системот на Jaguar од 80W со 6 звучници. Или, за збогатено аудио доживување, можете да изберете еден од опционалните аудио системи на Meridian, вклучувајќи го новиот дигитален аудио систем од 825W со опкружувачки звук со 17 звучници.