Logo jaguar mobile

Надворешност

Еден брз поглед кон XE и знаете дека тоа може да биде само Jaguar.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Обликот на XE е строго оптимизиран за да се добие аеродинамична ефикасност и стабилност. Тој го сече воздухот - намалувајќи ги потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови. Секој елемент го искористува максималниот потенцијал на аеродинамиката на надворешноста задржувајќи ги чудесните пропорции на XE.

Креирајте свој модел

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката е клучна функција на дизајнот на каросеријата на XE и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот од Cd 0.26. Дури и заштитата под каросеријата, инспирирана од спортските автомобили, и дифузерот се дизајнирани за да го направат XE што е можно поефикасен, поекономичен и порафиниран.

ПРЕДЕН ДЕЛ

ПРЕДЕН ДЕЛ

Извајаната хауба се простира наназад од уникатните фарови со „Ј“ потпис* - насочувајќи ги воздушните струи над и околу каросеријата и минимизирајќи го отпорот на воздухот. XE се склупчува, спремен е за скок.

*Опционална карактеристика (стандардна опрема кај моделите Portfolio и S)

СТРАНИЧЕН ДЕЛ

СТРАНИЧЕН ДЕЛ

Со аеродинамичен облик за непречено простирање на воздухот наназад кон опашката, издигнатата странична линија на XE дава чувство на динамика, дури и кога автомобилот стои во место. Хромираните странични отвори за вентилација, на коишто е втиснато името Jaguar, намерно алудираат на F-TYPE - како и познатиот заоблен лак на Jaguar којшто се простира околу страничните прозорци.

ЗАДЕН ДЕЛ

ЗАДЕН ДЕЛ

Еден брз поглед кон препознатливите задни крила и знаете дека тоа може да биде само Jaguar. - Намерно пресечениот заден дел на XE има краток препуст, подвлекувајќи ги перформансните карактеристики на автомобилот и унапредувајќи го струењето на воздухот.

КАПАК НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

КАПАК НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

Капакот на багажниот простор со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација му овозможува на возачот да ракува со капакот на багажниот простор од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и капакот на багажниот простор се отвора или се затвора.

*Ги бара функциите Влегување без клуч и Елементи за помош при паркирање наназад