Logo jaguar mobile

Технологија на моторот

Својата моќност XE ја добива од високонапредните бензински и дизел мотори.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ПЕРФОРМАНСИ И ЕФИКАСНОСТ

Без оглед на тоа дали ќе ги изберете нашите најнови високотехнолошки дизел мотори Ingenium или претпочитате бензински мотори, секој од нив нуди перформанси, префинетост и економичност за да одговараат на секој стил на возење.

Креирајте свој модел

ИНТЕЛИГЕНТНИ ПЕРФОРМАНСИ

Моторите на XE се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија од кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.

СЕРИЈАТА INGENIUM

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2.

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новите 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

Два од дизел моторите во серијата XE се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење – собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот – за максимална економичност, особено во градското возење. 

*Зависи од пазарот

МОЌНИ МОТОРИ

МОЌНИ МОТОРИ

3.0-литарскиот 380PS V6 бензински мотор со компресор беше прилагоден за посебните барања на моделот XE. Рутов завоен компресор со два ротора е монтиран во „V“ делот меѓу двата реда на цилиндри за да се задржат компактните димензии. Обезбедува линеарно развивање на моќноста и ја максимира брзата реакција на вртежниот момент на моторот.

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Обезбедувајќи брза промена на степените на пренос за да се постигне беспрекорно забрзување, автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XE има брза реакција и мирна и ефикасна работа. Со современиот вртлив селектор во бојата Satin Black – трансмисијата нуди уште побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kick-down“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим и порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот. Може да изберете и рачно менување на степените на пренос, преку лопатките поставени на воланот, со еден допир на прстот.

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА

Напредната, со мала тежина, рачна трансмисија со 6 степени на пренос придонесува за извонредната ефикасност на XE. Нејзиното куќиште од алуминиумска легура, шупливите вратила и олеснетите запченици го штедат секој можен грам од тежината – со што оваа единица е со најмала тежина во класата. Специјално дизајнирана за перформансите на спортски автомобили – се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор.