Logo jaguar mobile

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Соединувајќи ги најновите иновации, технологии и дизајнот на Jaguar - XE го поврзува возачот со автомобилот, автомобилот со патот.

КОМФОР И ДИНАМИКА

XE реагира со агилност и со динамика и секогаш го задржува комфорот во возењето - тоа е уникатната рамнотежа којашто го прави вистински Jaguar. А сега, со опцијата Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот, XE нуди уште поголема способност во предизвикувачките ситуации на патот.

Креирајте свој модел

AWD И ИНТЕЛИГЕНТНА ДИНАМИКА НА ПОГОНОТ

Системот Погон на сите тркала (AWD) на XE нуди помирно, побезбедно движење по секакви површини. Во срцето на системот е компактна трансфер кутија, којашто има екстремно брза реакција, со вградениот софтвер Интелигентна динамика на погонот (IDD). Ексклузивно развиен од Jaguar, уникатниот софтвер IDD се карактеризира со софистицирани алгоритми за да може интелигентно да реагира на условите на патот. Системот работи со предвидување а има и брза реакција, се грижи да не ја изгубите тракцијата наместо да работи за да ја добиете повторно.

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Штедејќи на тежина без да се компромитира издржливоста, неизмерно силната алуминиумска каросерија со мала тежина на XE се грижи да се постигне оптимална распределба на тежината од приближно 50:50. Конструкцијата со мала тежина не само што ги намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, туку значи и дека серијата XE има можност да постигне сѐ од 99g/km до максимална брзина од 250km/h.

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)

Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење ја максимира контролата и низ најтесните свиоци. Обезбедувајќи контролирано независно кочење на поединечно внатрешно предно и задно тркало, системот овозможува извонредна агилност како кај спортски автомобил и зголемена самодоверба на возачот.

СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (ADAPTIVE SURFACE RESPONSE)

СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (ADAPTIVE SURFACE RESPONSE)

Системот Прилагодување кон површината (AdSR) ги препознава разликите помеѓу површините за да го искористи максимално расположивиот зафат на тркалата со површината во лоши временски услови и на тежок терен.*

*AdSR е опционална карактеристика кај возилата со погон на сите тркала опремени со прилагодлива динамика.

ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

Софистицираните системи за предното и задното потпирање на XE ја надополнуваат шасијата којашто постигнува врвна комбинација меѓу спортското и префинетото. Напредните технологии за амортизери - и пасивни и прилагодливи - уште повеќе го унапредуваат квалитетот на возењето и го зголемуваат просторот на динамични можности на XE. Контролата на потпирањето, неговата агилност и реакцијата му даваат на XE дух на спортски автомобил.



КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)

Уникатен во оваа класа на автомобили, системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) на XE се грижи за дополнителна сигурност во лизгави услови. Системот ASPC е контрола на мала патна брзина и се грижи XE да се справи со ситуациите со мала тракција, без оглед на временските услови - овозможувајќи ви да се концентрирате на управувањето.*

*Достапен само со автоматска трансмисија



НАПРЕДНА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на XE. Со овој режим се добива поостра реакција на гаста, потврдо управување и побрза промена на степените на пренос, а промената се изведува на повисок број на вртежи на моторот.

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Технологија донесена од серијата F-TYPE, опционалниот* систем Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ја поставите динамиката на XE за мапирање на гаста, моментите на менување на степените на пренос и управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси. Кога е вграден опционалниот систем Прилагодлива динамика, можете да внесете личен детаљ во поставките преку конфигурација на поставките за амортизерите.

*Не е достапно со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен дизел мотор со моќност од 163PS, дел од стандардната опрема кај моделот S.

JAGUARDRIVE CONTROL

JAGUARDRIVE CONTROL

JaguarDrive Control ви овозможува да изберете Нормален, Еко, Динамичен или режимот Дожд Мраз Снег, и секој од нив суптилно го менува мапирањето на управувањето и гаста. Еко режимот го поддржува штедливото возење додека динамичниот режим ја заострува реакцијата на гаста и го зголемува чувството за тежина на управувањето. Преку избирање на режимот Дожд Мраз Снег, системот автоматски го придушува забрзувањето и нанесува постепено зголемување на тракцијата во лизгави услови.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

Овозможувајќи ви фина контрола при големи брзини и целосна помош кај маневрирањата при мали брзини, системот Електричен серво управувач (EPAS) од најновата генерација кај XE нуди извонредна повратна информација и моментна помош при управувањето. А активен е само по барање - штедејќи ја моќноста за таму кадешто навистина ќе ви треба, а го штеди и горивото.