Logo jaguar mobile

ШАМПИОНАТ ВО ФОРМУЛА Е


СЕЗОНА 2016/2017

Основан во 2014, Формула Е шампионатот на ФИА брзо станува највозбудливата серија во календарот на мотоспортот. Со акција тркало до тркало на големи брзини, на брановидните улични кружни патеки, Формула Е е уникатно и возбудливо интерактивно доживување за сите.

БУЕНОС АИРЕС, 18.02.17

Буенос Аирес е слика на јужноамериканската страст и живост, но за возачите на Формула Е тој е највеќе познат по рамните правци и острите свиоци што не ги простуваат грешките.

МЕКСИКО СИТИ, 01.04.17

Одвивајќи се на легендарниот автодром Херманос Родригез, мексиканската епизода од шампионатот ветува дека ќе биде една од највозбудливите во сезоната во Формула Е.

МОНАКО, 13.05.17

Веројатно најпознатата улична кружна патека во светот, враќањето на Формула Е во Монако го обележува најгламурозното попатно пристаниште на шампионатот.

ПАРИЗ, 20.05.17

Иако е една од најкратките патеки во Формула Е, кралската поставка околу историскиот Лез Енвалид ја издвојува патеката во Париз како омилена за возачите и за навивачите.

БЕРЛИН, 10.06.17

Со поглед од легендарната ТВ кула, кружната патека во берлинскиот регион Мите е сместена во не помалку од 11 свиоци и четири правци кои се возат под полн гас.

БРИСЕЛ, 01.07.17

Чоколадото и атомското пиво можеби ја симболизираат престолнината на Белгија, но наскоро ќе биде позната и на мапата на автомото спортот кога за прв пат ќе ѝ посака добредојде на Формула Е.

ЊУ ЈОРК, 15.07.17

Ред Хук округот во Бруклин ќе биде домаќин на не помалку од две трки во третата сезона на Формула Е. Кружната патека на пристаништето, на којашто се пружа поглед од Статуата на Слободата и од облакодерите на Менхетен, е дефинитивно една од најнеобичните во серијата.

ЊУ ЈОРК, 16.07.17

Ред Хук округот во Бруклин ќе биде домаќин на не помалку од две трки во третата сезона на Формула Е. Кружната патека на пристаништето, на којашто се пружа поглед од Статуата на Слободата и од облакодерите на Менхетен, е дефинитивно една од најнеобичните во серијата.

МОНТРЕАЛ, 29.07.17

Монтреал ги приредува првите закажани трки, не помалку од две, на Формула Е во Канада. Главниот град на Квебек е познат по своите стрмни ридови, така што можеме да очекуваме предизвикувачка патека.

МОНТРЕАЛ, 30.07.17

Монтреал ги приредува првите закажани трки, не помалку од две, на Формула Е во Канада. Главниот град на Квебек е познат по своите стрмни ридови, така што можеме да очекуваме предизвикувачка патека.


МИНАТИ НАСТАНИ


01 ХОНГ КОНГ, 09.10.16

Позитивен старт на тимот на Панасоник Јагуар Рејсинг во Формула Е шампионатот, Адам Керол (Adam Carroll) се искачи за 5 места за да заврши како 12-ти. Тимот се здоби со вредно искуство од тркачкиот ден и ќе се погрижи да ги подобри перформансите за нивната деби трка во Маракеш.

02 МАРАКЕШ, 12.11.16

Во втората трка на тимот на Панасоник Јагуар Рејсинг во шампионатот и двајцата возачи успешно ја завршија трката со најголемо растојание во историјата на серијата. Адам Керол (Adam Carroll) се искачи за шест места и заврши како 14-ти, додека Мич Еванс (Mitch Evans) се врати назад и заврши како 17-ти откако поради блокирање на тркалата излета од патеката.