Logo jaguar mobile

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Електричните возила (EV) нудат возило со нулта емисија на издувни гасови како алтернатива на моторот со внатрешно согорување. Благодарејќи на најновите инвестиции и напредокот во технологијата на батериите, следната генерација на EV, како што е I-PACE Concept, овозможуваат возбудувачко, ново доживување во возењето.
Отвори сѐ
Затвори сѐ
ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Каков тип на електрично возило е I-PACE Concept?

I-PACE Concept е електрично возило на батерии, што значи нема мотор со внатрешно согорување. Наместо со согорување на гориво (бензин или дизел), моќноста се доставува до два електромотори во форма на електрична енергија којашто се складира во батериите на полнење.

Зошто би сакал електрично возило?

За многумина ова е возбудлива можност да се биде еден од првите коишто ќе преминат на електрични возила и да се ужива во различното доживување во возењето и во поседувањето на возилото. I-PACE Concept е паметен избор - побрз, просторен, со префинето (потивко) возење, немате потреба повторно да посетувате станица за гориво.

Со зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, електричните автомобили нудат поволности за животната средина во однос на традиционалните мотори со согорување на гориво. Овој факт го препознаваат сѐ повеќе влади во светот и нудат разни стимулации за да се намалат трошоците за купување и даноците за службени возила. Ова, заедно со намалените трошоци за одржување на електрично возило, создава убедлива финансиска основа за многу луѓе.

Кои се недостатоците од поседувањето на електрично возило?

Автономијата на електрично возило (растојание што може да се измине пред да морате повторно да ја наполните батеријата) е традиционална грижа за многу луѓе, што доведе до појава на поимот „страв од автономија“. Меѓутоа, најновите развојни решенија во технологијата на батериите значат дека возилата какво што е I-PACE Concept се реален предлог за повеќето луѓе, со автономија што е поголема од просечното дневно изминато растојание. Всушност, многу луѓе ќе увидат дека ќе треба да ја полнат батеријата само еднаш седмично.
За поголеми растојанија, можно е да има потреба да се застане за да се наполни батеријата. Тоа може да бара претходно планирање, но станува се поедноставно бидејќи мрежата на јавните станици за полнење се шири, а брзите полначи стануваат помоќни.

Дали има друг тип на електрични возила? Каква е разликата?

Можеби сте го слушнале поимот „хибрид“. Овој поим се однесува на возило коешто комбинира мотор со внатрешно согорување и електромотор.

Хибридно електрично возило (HEV) вообичаено има мала батерија што се полни од моторот и од регенеративното кочење, а има многу мала автономија со батеријата.

Хибридно електрично возило со приклучок за напојување (plug-in) (PHEV) може да се полни и од надворешен извор на електрична енергија. PHEV возило вообичаено има поголема батерија и поголема автономија од HEV возило.

Овие „хибридни“ возила имаат помала автономија со батеријата од електричните возила на батерија, но можат на продолжат да се движат без пристап до електричната енергија. Тие се потешки од конвенционалните автомобили бидејќи носат два извора на моќност, а не се толку ефикасни како електричните возила на батерии. Ваквите возила можат да го намалат „стравот од автономија“, особено додека мрежата на станици за полнење продолжува да се развива и можат да ја поддржат транзицијата во иднина со целосно електрични возила.
АВТОНОМИЈА

Дали електричното возило ќе има доволно автономија за моето патување?

Модерните, првокласни електрични возила на батерии, вклучувајќи го тука и I-PACE Concept, можат да имаат автономија од преку 500km*. Значи, автономијата нема да биде проблем за повеќето возачи, особено со растечката мрежа на јавни станици за полнење.

* Тест циклус според EU NEDC

Кои фактори влијаат на автономијата?

На автономијата влијаат многу фактори. На пример, автономијата ќе се намали ако возите на високи или на ниски температури, ако ги користите системите за греење или ладење, или ако сте вклучиле спортски стил на возење.
БАТЕРИЈА

Дали температурата влијае на батеријата?

На екстремна, долготрајна жештина автономијата на возилото се намалува, бидејќи е потребна енергија за ладење на батеријата. Слично на тоа, кога температурите се ниски, автономијата се намалува бидејќи е потребна енергија за да се загрее батеријата. Батериите може да се складираат на темепратура до -40°C, но пред возење мора да се вклучат и да се загреат до -20°C.

Електричните возила од следната генерација, какво што е и I-PACE Concept, се карактеризираат со најсовремени системи за контрола на топлината за да се оптимизира работниот век на батеријата на повисоки или на пониски температури.

Што значи kWh?

Киловат-часови е мерка што покажува колку енергија може да се складира во батеријата. За одредено возило, батерија со поголем капацитет - повеќе kWh - ќе има поголема автономија и/или перформанси.

Дали батеријата има гаранција?

I-PACE Concept ќе понуди конкуретна гаранција за батеријата согласно условите во автомобилската индустрија.
ПОЛНЕЊЕ

Како се полнат електричните возила?

Електричните возила можат да се полнат на повеќе начини:

Полнење во домашни услови со помош на наизменична струја (AC): Електричните возила може да се приклучат во нормална домашна приклучница, но ќе се полнат со значително помала брзина. Поради ова, се препорачува да се користи надградена приклучница (на пример, каква што се користи за фурна) или, уште подобро, да се вгради домашен ѕиден полнач. Времето на полнење зависи од вашата земја но вообичаено, I-PACE Concept може целосно да се наполни преку ноќ со помош на ѕиден полнач.

Јавна станица за полнење: За полнење може да се користи и растечката мрежа од јавни станици за полнење, обично за да се дополни батеријата во текот на патувањето или откако ќе стигнете до вашето одредиште. Овие станици за полнење работат со поголема моќност од домашните полначи, затоа времето на полнење може да биде помало. Тие обезбедуваат комбинација на полнење со AC (наизменична струја) и DC (еднонасочна струја), а вообичаено е полнењето со DC (еднонасочна струја) да биде најбрзата опција (често наречено како „брзо полнење“).

Каква опрема за полнење ќе ми треба?

За удобно и брзо полнење на електричен автомобил во домашни услови, се препорачува ѕиден полнач (но не е задолжителен). Трошоците за инсталација зависат од пазарот (и електричната мрежа) но се прифатливи и цената им паѓа како што им расте побарувачката.

Универзалните кабли мод 2 вообичаено се стандардна опрема кај електричните возила и доаѓаат со различни адаптери и варијанти на приклучување за да се исполнат глобалните стандарди. Тие се испорачуваат со опција и за домашна и за индустриска приклучница.

Јас немам приватен паркинг дома или на работа. Дали тоа значи дека не може да имам електрично возило?

Не мора да значи: ова зависи од бројни различни фактори. Постои растечка мрежа од јавни станици за полнење, кадешто на располагање имате и стандардни и брзи полначи. Во градовите и на главните патишта, има бројни „попатни“ и „одредишни“ станици за полнење обезбедни за ваша употреба.

Што е „одредишно полнење“?

Овие удобни станици за полнење може да се најдат во локалните трговски центри, хотелите, спортските сали итн..

Што е „попатно полнење“?

Брзото полнење може да се најде во сервисните станици или во станици наменети за полнење електрични возила, и обезбедува максимално полнење за најкратко време.

Дали може електричната мрежа да го издржи растечкиот број на електрични возила?

Произведувачите на мотори во моментов работат со владите и дистрибутерите на електрична енергија за да осигураат дека зголемувањето на бројот на електричните возила нема да предизвика проблеми во националните електрични мрежи.

Дали може електричните возила да се полнат кога врне дожд?

Целосно се гарантира безбедноста на процесот на полнење. Клиентите и присутните не се изложени на никаков ризик од струен удар.

Што е регенеративно кочење?

Елекромоторите трошат енергија за да обезбедат движење. Кога повеќе нема потреба за ова движење (на пример кога возилото ја намалува брзината), силата на кочење може да се впрегне за спротивно дејство на моторот и да создава електрична енергија. Ова е познато како регенеративно кочење и создадената електрична енергија може да се врати назад во батеријата. Во соодветни услови на работа, автономијата на електричното возило може да се продолжи за повеќе од 10% преку собирањето на регенеративната електрична енергија.
ПЕРФОРМАНСИ

Каква е управливоста во споредба со „конвенционалните“ автомобили?

Поради местоположбата на батеријата на подот меѓу двете оски, електричните возила имаат пониско тежиште и порамномерна распределба на тежината кон напред и назад за унапредена управливост.

Без потребата од сместување на голем мотор, обично напред, тркалата може да се постават поблиску до крајните агли на возилото со што се надградува стабилноста и чувството за управување.

Сето ова овозможува динамичко доживување во возењето со брза реакција, што од своја страна прави електричното возило совршено да одговара на брендот Jaguar.

Дали електричните возила се побавни и со побавна реакција во однос на автомобилите со бензински или дизел мотор?

Во својата природа, електромоторите создаваат максимален вртежен момент „од место“, што овозможува чудесно забрзување.
БЕЗБЕДНОСТ

Дали се безбедни електричните возила?

I-PACE Concept, како и сите други возила на Jaguar, е дизајниран и проектиран да ги исполни најстрогите глобални стандарди за безбедност.
ОДРЖУВАЊЕ

Дали се тешки за одржување електричните возила?

Во споредба со возило со внатрешно согорување, електричните возила бараат помало одржување бидејќи имаат помалку подвижни делови. Едноставно, има помалку потрошни делови. Сервисните интервали се базираат на километража и/или време.
ЦЕНА

Колку би чинел еден I-PACE?

Крајната цена нема да биде позната сѐ до лансирањето на I-PACE. Бидејќи електричните погонски единици може да бидат двојно поскапи од конвенционалните погонски единици, претпоставуваме дека цената на I-PACE ќе биде 10-15% над Jaguar F-PACE со слична моќност и опрема.

ДОСТАПЕН ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2018 ГОДИНА

Бидете во тек со најновите информации пред целосното откривање на I-PACE кон крајот на 2017 година.

Сакате да бидете меѓу првите сопственици на I-PACE кога ќе стане достапен во втората половина на 2018 година? Известете нѐ и ќе ве контактираме преку продавачот којшто е најблиску до вас.

И јас сакам еден

Информирајте ме редовно

Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.

I-PACE Concept reveal, неговите слики, описи и цени се презентирани со намера да се укаже на возбудливите перспективи за сериско возило. JLR го задржува правото за менување, дополнување или повлекување на кој било елемент во меѓувреме (пред какви било обврзувачки нарачки од клиентите), особено но не ограничено на околности што произлегуваат од измени во законодавството или во регулативите, влијанието на пазарот на материјали и производни или сервисни барања во врска со сериското возило или неговите функции и компоненти. За деталните услови и околности, ве молиме кликнете тука.