Logo jaguar mobile

Тркање во срцето на стариот град на Маракеш, Адам Керол и Мич Еванс ја минаа целната линија на 14 и 17 место, редоследно, по изминати 33 круга и вкупно 98km.

Двата возачи на тимот Панасоник Јагуар Рејсинг влегоа во пит во 18иот круг, еден круг после повеќето од возачите на другите тимови благодарјќи на ефикасното управување со енергијата од страна на тимот. Мич влезе во пит патеката пред Адам, но Адам излезе пред него по замената на наелектризираниот автомобил во гаражата.

Кружната патека имаше многу предизвици за возачите. Поради блокирањето на тркалата во квалификацискиот круг, Адам ја започна трката од 20-тото место, но со позитивното управување со енергијата, брзиот пит-стоп и неколку добри тркачки потези се проби шест места понапред и ја заврши трката на 14то место. После трката изјави, „Тимот се унапредува секоја сезона. Бидејќи сега ќе има пауза, треба да имплементираме многу научени работи за следната трка во Буенос Аирес“.

Трката на Мич беше нарушена кога беше удрен од друг возач што го исфрли од патеката. „За среќа, успеав да вратам неколку позиции пред да удрам во ѕидот кон крајот на трката, по блокирањето, кога се обидував за заштедам енергија. Главната работа е што сега имаме дополнителни податоци за анализа и преглед во текот на паузата до следната трка“ изјави Мич.

Џејмс Баркли, директор на тимот Панасоник Јагуар Рејсинг се согласува дека има многу оптимистички детали што може да се добијат од трката. „На крајот на краиштата не го максимиравме нашиот потенцијал во квалификациите, но знаеме дека имавме автомобил којшто беше побрз отколку што покажуваат постигнатите времиња. Немавме никакви проблеми со доверливоста преку целиот викенд што беше смирувачки за нашиот нов тим и се движевме нагоре во пласманот. Исто така, направивме и некои добри унапредувања во работата на нашиот тим после лекциите што ги научивме во Хонг Конг, што е охрабрувачки за Панасоник Јагуар Рејсинг како тим“.