Logo jaguar mobile

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

Нашиот тим споделува една визија - а таа се наоѓа на централното место на подиумите во Формула Е низ целиот свет.

ТИМ ЗАД ТИМОТ

На денот на трката зад воланот може да бидат само двајца, но тука е и армијата од инженери, механичари и аналитичари коишто работат деноноќно зад сцената за да осигураат постигнување на оптималните перформанси.

Адам Керол (Adam Carroll)

Британскиот тркач Адам Керол стана познат како тест возач на тимот БАР-Хонда Ф1. Сега, со титулата светски шампион во A1ГП, пет победи во ГП2 и со неодамнешниот успех во Светската серија за издржливост и Европската Ле Ман серија, тој ги постави своите цели на подиумот на Формула Е.

Твитер профил на возачот

МИЧ ЕВАНС (MITCH EVANS)

Мич Еванс од Нов Зеланд се натпреварувал во картинг од својата шеста година, а на возраст од 16 години победи на Големата награда на НЗ. Воден од својот ментор Марк Вебер (Mark Webber) од Ф1, овој 21-годишен тркач победи во ГП3 серијата во 2012 година, го освои второто место во својата категорија на трката во Ле Ман во 2015 година, а моментално е возач на којшто треба да се обрне внимание во шампионатот ГП2.

Твитер профил на возачот

ХО-ПИН ТУНГ (HO-PIN TUNG)

Со децениско искуство во меѓународните автомото трки, меѓу успесите на кинеско-холандскиот возач Хо-Пин Тунг (Ho-Pin Tung) се и учеството во Ле Ман во последните четири години, тест возач во тимот Вилијамс Ф1 и учеството во Светското првенство во издржливост на ФИА во 2016 година.

Твитер профил на возачот

ЏЕЈМС БАРКЛИ (JAMES BARCLAY) - ДИРЕКТОР НА ТИМОТ

„Пораснав гледајќи го и натпреварувајќи се во мото спортот. За мене е голема чест да се претставува бренд каков што е Jaguar, со неговиот успех и неговата историја, во следното поглавје на Jaguar на тркачката патека“.

Вклучете се

КРЕГ ВИЛСОН (CRAIG WILSON) - ДИРЕКТОР ЗА ТРКИ

„Лично, јас сум вклучен во Jaguar скоро 30 години. Така што, прекрасно е повторно да се работи со нив, во ваква возбудлива програма“.

Вклучете се

НИК РОЏЕРС (NICK ROGERS) ДИРЕКТОР НА ИНЖЕНЕРИНГ, JLR

„Успех е да се инспирираат млади лица да ги поместуваат границите и да развиваат нови начини за победа на светот свесен за јагленород во којшто живееме“.

Вклучете се