Logo jaguar mobile

Jaguar Racing

I-TYPE

I-TYPE е моќен но сепак агилен целосно електричен тркачки автомобил, способен да забрза од 0 до 100 km/h (60 mph) за 2,9 секунди. I-TYPE е направен да им одолее на острите свиоци и непредвидливите површини на кружните градски патеки во Formula E, на брзини до 225 km/h (140 mph).

Оптимизиран за врвна рамнотежа меѓу моќноста и ефикасноста, неговиот мотор со моќност од 200kw (270bhp) инстантно развива вртежен момент, а и се користи за регенерирање на енергијата за време на кочењето, враќајки ја во батеријата со што се зголемува автономијата на автомобилот.

Погледнете ја галеријата

ПЕРФЕКЦИЈАТА И ПЕРФОРМАНСИТЕ БАРААТ ВРЕМЕ

За I-TYPE се потрошени илјадници човек-часови а ние само што сме започнале. Видео содржината, снимана во текот на еден месец, фати само дел од оваа неверојатна задача.

I-TYPE, СТАРТУВАЈ ГО ТВОЈОТ МОТОР

Спротивставувајќи се на трендот, тимот на Панасоник Јагуар Рејсинг создаде своја погонска единица за I-TYPE. Гледајте како нашиот специјален тим од инженери го запали моторот за прв пат.

JAGUAR I‑PACE CONCEPT

Знаењето и иновациите што ги развиваме во нашите тркачки автомобили за Формула Е ќе се појават на патиштата во втората половина на 2018 година.

I‑PACE Concept е визија на првиот целосно електричен сериски автомобил на Jaguar, спортски автомобил со пет седишта којшто инстантно развива вртежен момент од 700Nm, моќност од 400PS и има забрзување 0-100km/h за околу 4 секунди.

ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR I‑PACE CONCEPT