Logo jaguar mobile

Тркачка ДНК

Долгата и богата историја во автомото спортот секогаш беше предвесник за еволуцијата на нашите друмски автомобили. Нашиот влез во Формула Е ќе го продолжи ова наследство, одредувајќи го курсот за нашите идни електрични возила.

XK120

XK120

1948-1954 - СИЛВЕРСТОУН & ЛЕ МАН

Целосно нов спортски автомобил и пробница за револуционерниот мотор XK на Jaguar, моделот XK120 е рангиран како најбрз сериски автомобил во светот. Во 1949, моделот XK120 победува во Силверстоун, а следната година, три возила XK120 дебитираат на трката во Ле Ман. Тоа е почетокот на нова ера во автомото трките.

C‑TYPE

C‑TYPE

1951-1953 - ЛЕ МАН

Во 1951, воздухопловниот инженер Малколм Сејер (Malcolm Sayer) доаѓа во Jaguar и со себе ги носи дисциплината и совршенството од аеронаутиката. Неговата прва задача, моделот C-Type, победува во Ле Ман, а возачот на второто возило Стирлинг Мос (Stirling Moss) го соборува најбрзиот круг на патеката. Во 1953, моделот C-Type повторно победува во Ле Ман и освојува три од првите четири позиции.

D‑TYPE

D‑TYPE

1954-1957 - ЛЕ МАН

Лошите временски услови му ја украдоа победата на моделот D-Type во Ле Ман во 1954, дури и по забележувањето на шокантна максимална брзина од 273,5 km/h (170 mph). Сепак, автомобилот со аеродинамичен облик го возврати ударот со победа во 1955, 1956 и 1957 - година во која освои пет од првите шест позиции. Моделот D-Type до ден денес останува еден од најуспешните тркачки автомобили што е создаден.

XJS

XJS

1975-1996 - ETCC & СПА 24 ЧАСА

Во 1982 година, под знакот на TWR, британскиот тркач Том Вокиншо (Tom Walkinshaw) внесе тим со V12 XJS во Европскиот шампионат за туристички автомобили и постигна неколку победи во текот на шампионатот. Вокиншо го освојува европскиот шампионат за туристички автомобили во 1984 година во конкуренцијата на возачи, а во истата година победува на престижната трка Спа 24 часа.

XJR-9

XJR-9

1983-1991 - ДЕЈТОНА 24 ЧАСА & ЛЕ МАН

Автомобилите од моделот XJR со затворен кокпит се покажаа импресивни на светските патеки за издржливост - а најимпресивен меѓу нив е моделот XJR-9 од 1988 година. Суперавтомобилот со моќниот V12 мотор победува на трката Дејтона 24 часа, а потоа и во Ле Ман, кадешто возачот Мартин Брандл (Martin Brundle) и Jaguar ги освојуваат првите места и во категоријата на возачи и во категоријата на произведувачи.

Од R1 до R5

Од R1 до R5

2000-2004 - ФОРМУЛА 1

Авантурата на Jaguar во Формула 1 со поранешниот возач на Ферари Еди Ирвајн резултираше со неколку освоени места на подиумот. Тимот служеше и како тренинг база на ценетиот австралиски возач Марк Вебер (Mark Webber). Ford беше сопственик на тимот и го водеше инженерскиот дел. Тимот Панасоник Јагуар Рејсинг разви три автомобили и сите беа со моторот Cosworth V10.

I‑TYPE

I‑TYPE

2016 - ФОРМУЛА Е

Тимот повторно се составува! Инспириран од нашето тркачко наследство и поткрепен со колектив од инженери и техничари коишто се признати во светот на трките, тимот на Панасоник Јагуар Рејсинг и неверојатниот I-TYPE влегуваат во Формула Е: храбро, натпреварувачки и со ентузијазам кон трките.