Logo jaguar mobile

ПЕРФОРМАНСИ И ТЕХНОЛОГИЈА

I-PACE Concept ги комбинира перформансите и легендарната префинетост на Jaguar од коишто би очекувале навистина исполнето и возбудливо возење.

I-PACE Concept ве лансира од 0 до 100km/h за околу 4 секунди преку инстантниот вртежен момент од 700Nm и моќноста од 400PS. Со помош на погонската единица составена од два електромотори, I-PACE Concept овозможува високи перформанси на погонот на сите тркала за возбудливо возење во секакви услови на патот.

Информирајте ме редовно И јас сакам еден
ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

Инстантниот вртежен момент овозможува возбудливо праволиниско забрзување. Вистински Jaguar, I-PACE Concept ја постигнува својата моќност во најразлични опкружувања за возење. Со стабилноста на погонот на сите тркала и агилноста како на спортски автомобил, I-PACE Concept поттикнува сигурно возење на секаков коловоз и на секакви временски услови.

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

Технологијата е во срцето на I-PACE Concept, но сепак останува дискретна и целосно посветена на збогатување на уживањето на возачот и сопатниците.

ИНТУИТИВНО ПОВРЗАН

ИНТУИТИВНО ПОВРЗАН

Софистицираната технологија на I-PACE Concept никогаш не е очигледна или наметлива. Секој елемент за контрола и интеракција, секоја информација, логички и интуитивно ви се при рака, на тој начин се грижат да го задржите вниманието на патот пред вас.

ПРЕКРАСНИ ДИСПЛЕИ

ПРЕКРАСНИ ДИСПЛЕИ

I-PACE Concept овозможува ангажирање без напор преку четири екрани коишто се удобно позиционирани за возачот. На централната конзола се наоѓаат два екрани на допир, додека информациите за возилото се прикажуваат посебно зад воланот. Head Up дисплејот во боја дискретно ги прикажува главните информации на ветробранското стакло на возилото.

ДОСТАПЕН ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2018 ГОДИНА

Бидете во тек со најновите информации пред целосното откривање на I-PACE кон крајот на 2017 година.

Сакате да бидете меѓу првите сопственици на I-PACE кога ќе стане достапен во втората половина на 2018 година? Известете нѐ и ќе ве контактираме преку продавачот којшто е најблиску до вас.

И јас сакам еден

Информирајте ме редовно

На сликите е прикажано возилото I-PACE Concept. Сериското возило може да се разликува во стилот, завршните детали и вградените елементи за контрола за возачот. Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.