Logo jaguar mobile

I-PACE CONCEPT

Претставување на I-PACE Concept, преглед на првиот целосно електричен спортски автомобил со пет седишта на Jaguar.

I-PACE Concept ќе ги донесе возбудливите перформанси на Jaguar во електричните возила. Достапно од втората половина на 2018 година, нашето прво електрично возило инстантно ќе развива вртежен момент од 700Nm, моќност од 400PS и ќе има забрзување од 0 до 100km/h за околу 4 секунди. Комбинацијата на технологија од следната генерација и дизајн од иднината кај ова возило со нулта емисија на издувни гасови, овозможува доживување во возењето коешто останува препознатлива карактеристика на Jaguar.

И јас сакам еден Информирајте ме редовно

Play

СМЕЛА НАДВОРЕШНОСТ

Со драматичните пропорции коишто ги овозможува електричната технологија, I-PACE Concept го развива уникатниот дизајн на ДНК на Jaguar во нова ера.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДИЗАЈНОТ

ДОСТАПЕН ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2018 ГОДИНА

Бидете во тек со најновите информации пред целосното откривање на I-PACE кон крајот на 2017 година.

Сакате да бидете меѓу првите сопственици на I-PACE кога ќе стане достапен во втората половина на 2018 година? Известете нѐ и ќе ве контактираме преку продавачот којшто е најблиску до вас.

Информирајте ме редовно

I-PACE CONCEPT: THE DETAILS

АВТОНОМИЈА

I-PACE Concept може да понуди автономија поголема од 500km само со едно полнење.*

Тест циклус според EU NEDC

ПЕРФОРМАНСИ

Инстантен вртежен момент, способност за погон на сите тркала и аеродинамичниот дизајн му овозможуваат на I-PACE Concept да постигне забрзување како да е спортски автомобил, достигнувајќи ја брзината од 100km/h за околу 4 секунди.*

БАТЕРИЈА

Автономијата на I-PACE се овозможува преку неговата литиум јонска батерија којашто има капацитет од 90kWh.*

МОЌНОСТ

Со инстантно достапен вртежен момент од 700Nm, двата електромотори на I-PACE Concept заедно развиваат моќност од 400PS.*

ДИМЕНЗИИ

5 седишта со нормални димензии
Заден багажен простор: 530 литри
Преден багажен простор: 36 литри
Габаритни димензии: 4680mm(Д) x 1560mm(В) x 1890mm(Ш)*

ПОЛНЕЊЕ

I-PACE Concept може да постигне целосна наполнетост за околу 2 часа со брз полнач со еднонасочна струја, DC, со моќност од 50kW.*

* Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.

I-PACE Concept е повеќе од идеја. Тоа е преглед на нашиот прв сериски автомобил напојуван преку батерија, со што започнува нашата посветеност за создавање електрични возила коишто навистина се и возбудливи автомобили за возачот. Како што инвестираме во врвна технологија за возила со нулта емисија на издувните гасови, така и се грижиме возачите да дознаат повеќе за електричните атвомобили.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ И јас сакам еден

ЦЕЛОСНО НОВИ ПРАВИЛА

I-PACE Concept е дизајниран и проектиран да се искористат новите можности што ги создаваат електричните автомобили. Сѐ е дизанирано за чиста возбуда, од пропорциите на неговата иновативна алуминиумска конструкција до неговата динамична управливост и секојдневна практичност.

Play

ПЕРФОРМАНСИ И ТЕХНОЛОГИЈА

I-PACE Concept е смислен за чисто уживање на возачот, што највеќе се гледа преку неговото возбудливо забрзување како и преку неговата интуитивна технологија.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ И ТЕХНОЛОГИЈАТА

И ЈАС САКАМ ЕДЕН
Play

ПРОСТРАНА ВНАТРЕШНОСТ

Внатре, I-PACE Concept е и простран и спортски. Бидејќи нема потреба од сместување на мотор со внатрешно согорување, внатрешноста е исклучително пространа со пет седишта со нормални димензии и луксузен простор за нозете за патниците на задните седишта. Секој патник во возилото ја искусува очигледната инвентивност за дизајн што ја има Jaguar и прецизната мајсторска изработка.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДИЗАЈНОТ

СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

Jaguar е посветен на правењето на најпосакуваниот електричен перформансен автомобил. Затоа и влеговме во ФИА шампионатот во Формула Е. Тркањето во Формула Е за нас е совршен тест полигон за поместување на границите на електричната технологија кон патиштата.

ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR RACING
На сликите е прикажано возилото I-PACE Concept. Сериското возило може да се разликува во стилот, завршните детали и вградените елементи за контрола за возачот. Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.

Прикажано е идејно возило, детали на сериското возило може да се разликуваат.