Logo jaguar mobile

F-TYPE R-DYNAMIC CONVERTIBLE

F-TYPE R-Dynamic ѝ додава моќен, уникатен стил на самоуверената појава на F-TYPE.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

380PS

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД

4,9 секунди 0-100km/h

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

275km/h

Дозволете му на F-TYPE R-Dynamic да ги разбуди вашите сетила. Овој модел ја засилува возбудата со храбриот стил, поголемите тркала од легура, моќните ЛЕД фарови и променливиот активен издув.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО COUPÉ Креирајте свој модел

СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

F-TYPE R-Dynamic се карактеризира со седишта Sport тапацирани со зрнеста кожа и антилоп материјал, плочки на праговите со втиснат натпис R-Dynamic и централна конзола со завршна обработка од Delta алуминиум.
На сликата се прикажани опционални карактеристики што не се вградуваат како дел од стандардната опрема.

ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ

Овој модел обезбедува прецизно, поврзано возење благодарејќи на потпирањето со двојни вилушки, електронскиот серво управувач (EPAS) и понудените моќни мотори со брза реакција. Кај овој модел, достапни ви се системите Погон на задните тркала или Погон на сите тркала и рачна или автоматска трансмисија, во зависност од моторот што сте го избрале.

Истражете ги перформансите за возење

БЕСКОМПРОМИСЕН ДИЗАЈН

Уникатниот стил на каросеријата на F-TYPE R-Dynamic се надоградува на самоуверената форма на F-TYPE за да се создаде неговата извонредна појава поради којашто не може да остане незабележан. Поголемите тркала од легура, деталите во бојата Gloss Black и елегантните, моќни ЛЕД фарови го комплетираат изгледот.

Истражете ја надворешноста

ПЕРФОРМАНСИ КОИШТО ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

Овој модел е достапен со два мотора. 3.0-литарскиот V6 мотор со компресор и моќност од 340PS што е дизајниран за чиста возбуда, ќе ве однесе од 0 до 100km/h за само 5,3 секунди и до максимална брзина од 260km/h. 3.0-литарскиот V6 380PS мотор обезбедува вртежен момент од 460Nm за уште помоќни перформанси, а од 0 до 100km/h забрзува за само 4,9 секунди.

Истражете ја технологијата на моторот

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ F-TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш. Изберете ги боите на каросеријата и на покривот - и на тркалата, за да добиете целина. Скројте го вашиот личен стил на внатрешноста, одредувајќи ги вашите идеални седишта, текстури и комбинации од бои. И со исклучителната колекција од опции, стилски пакети и додатоци на Jaguar, вашиот F‑TYPE станува навистина персонализиран.

Креирајте свој F-TYPE