Logo jaguar mobile

F-TYPE R CONVERTIBLE

Повеќе моќност. Повеќе динамика. Повеќе возбудувања. F‑TYPE R е спортскиот автомобил којшто е понапреден, посензуален и повозбудлив.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

550PS

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД

4,1 секунди 0-100km/h

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

300km/h

Погонска единица кај F-TYPE R е неверојатниот 5.0-литарски V8 мотор со компресор на Jaguar, којшто развива моќност од 550PS и вртежен момент од 680Nm и ќе ве однесе од 0 до 100km/h за 4,1 секунди. Со својата убедлива мешавина од моќност, перформанси и управливост, F-TYPE R е спремен да се справи со скоро сите услови на патот

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО COUPÉ Креирајте свој модел

СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

Внатрешноста на F-TYPE R го засилува интензитетот на 1+1 доживувањето. Темата R му дава на автомобилот единствен карактер и вклучува декоративна површина од Linear Vee алуминиум на централната конзола со означувањето R. Уживајте во првокласната кожа со двојно порабување и, за подобра странична поддршка за време на ентузијастичко возење, во седиштата Performance со втисниот знак R на наслонот за глава.

ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ

F-TYPE R се карактеризира со Прилагодлива динамика и системот Насочување на вртежниот момент што работи заедно со електронскиот активен диференцијал. Овие системи се надополнуваат еден со друг за да ја оптимизираат тракцијата и способноста за движење низ свиоци, истовремено намалувајќи го подуправувањето.

Истражете ги перформансите за возење

ВПЕЧАТЛИВ ИЗГЛЕД

Уникатниот моќен облик и прекрасните дизајнерски детали го издвојуваат F-TYPE R како вистински перформансен спортски автомобил. Извајаната издигната хауба со отвори за вентилација во боја на каросеријата, нанадвор монтираните четири издувни цевки и импресивните 20"-ни тркала од легура се конечните завршни дизајнерски детали.

Истражете ја надворешноста

ПЕРФОРМАНСИ КОИШТО ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

F-TYPE R целосно ја искористува екстремно крутата каросерија на F-TYPE. Нејзината цврстина не само што ја обезбедува совршената платформа за нашиот систем Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот за да овозможи извонредна тракција, туку и ги надополнува надградбите на потпирањето на автомобилот за да создаде неверојатно држење на патот. Заедно, овие системи гарантираат дека F-TYPE R може целосно да ја впрегне енормната сила на неговиот 5.0-литарски V8 мотор со компресор со моќност од 550PS.

Истражете ја технологијата на моторот

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ F-TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш. Изберете ги боите на каросеријата и на покривот - и на тркалата, за да добиете целина. Скројте го вашиот личен стил на внатрешноста, одредувајќи ги вашите идеални седишта, текстури и комбинации од бои. И со исклучителната колекција од опции, стилски пакети и додатоци на Jaguar, вашиот F‑TYPE станува навистина персонализиран.

Креирајте свој F-TYPE