Logo jaguar mobile

ПЕРФОРМАНСИ

Мотори со компресор, со брза реакција. Алуминиумска конструкција со мала тежина. Софистицирано потпирање. F-TYPE е вистински перформансен автомобил.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

Цврстата алуминиумска каросерија со мала тежина на F‑TYPE е совршена платформа за спортски автомобил. Таа му овозможува на фино дотераниот систем на потпирање со двојна вилушка да осигура прецизна контрола и е одлично надополнување на палетата од мотори со високи перформанси на F‑TYPE. Заедно, тие обезбедуваат исклучителни односи моќност/тежина и вртежен момент/тежина - вистинските мерки за перформансите на еден спортски автомобил.

Креирајте свој модел

Play

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Системот Погон на сите тркала на F-TYPE со Интелигентна динамика на погонот нуди перформанси со совршена смиреност, овозможувајќи сигурна управливост на секаква површина на патот. Системот е опционален кај моделите F-TYPE и F-TYPE R-Dynamic, а стандарден кај моделите F-TYPE R и F-TYPE SVR, и со него овој Jaguar е најспособниот меѓу спортските автомобили.

ВОЗЕЊЕ И УПРАВЛИВОСТ

F-TYPE се дефинира со исклучителна контрола, агилност и повратна информација. Неговото врвно возење се поткрепува со крутата шасија, нашето потпирање со двојни вилушки од кован алуминиум и софистицираниот систем Електричен серво управувач (EPAS).

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ

Динамиката на F-TYPE изгледа природна благодарејќи на нашите напредни технологии за возење. За да овозможи поостро вртење и да се намали подуправливоста, системот Насочување на вртежниот момент обезбедува контролирано независно кочење на внатрешните, предно и задно, тркала низ свиоците. Електронскиот активен диференцијал* може сето ова да го однесе еден чекор понатаму, работeјќи заедно со Интелигентна динамика на погонот за прецизно да управува со испораката на вртежниот момент до секое од задните тркала. А за да се добие оптимален комфор и контрола, тука е системот Прилагодлива динамика* што го анализира патот и вашиот стил на возење и според нив ја менува реакцијата на F-TYPE.

*Достапноста на карактеристиката зависи од моделот и моторот. Ве молиме за подетални информации да погледнете во Конфигураторот или Водичот за спецификации и цени.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ