Logo jaguar mobile

Внатрешност

Во F-TYPE вие и автомобилот станувате едно. Секој аспект од неговата 1+1 конфигурација е дизајниран да создаде врска. Тој се обмотува околу вас, издигајќи го вашето доживување при возењето на поголеми височини.

Внатрешноста на F-TYPE пренесува комбинација на функционална ергономија со спортски стил низ неговиот кокпит со прецизно обмислен дизајн, низ неговите едноставни елементи за контрола и низ неговата јасна инструмент табла.

Внатрешноста е освежена за да се надгради префинетоста додека се задржува фокусот на возачот. Секој елемент беше преиспитан. Новите тенки седишта со мала тежина се најголемата измена, а кај седиштата Performance се нуди опционално ладење. Обновувањето дури и на најситните детали како што се новите завршни обработки на конзолата и хромираните нагласени делови на вратите и воланот го збогатуваат чувството на луксуз.

Креирајте свој модел

ЕЛЕМЕНТИ ЗА КОНТРОЛА ОРИЕНТИРАНИ КОН ВОЗАЧОТ

ЕЛЕМЕНТИ ЗА КОНТРОЛА ОРИЕНТИРАНИ КОН ВОЗАЧОТ

Инструментите се едноставни, јасни и читливи, со два големи аналогни мерачи - основните во спортски автомобил. Дизајнот на воланот со три краци ги вклучува главните функции за едноставна контрола. Кај моделите со автоматска трансмисија, лопатките монтирани зад воланот ви овозможуваат последователно да ги избирате степените на пренос со врвовите на прстите без да ти тргате рацете од воланот.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Со извонредното ниво на избор, внатрешноста на F-TYPE е можност да го изразите вашиот карактер. Скројте го стилот на внатрешноста со множеството од најразлични шевови, материјали и комбинации на бои. Многу е едноставно F-TYPE да го направите ваш совршен спортски автомобил.

Креирајте свој модел

СЕДИШТА СО МАЛА ТЕЖИНА

Новите Sport и Performance седишта на F-TYPE се проектирани имајќи ги на ум спортските автомобили. Магнезиумската конструкција со мала тежина на седиштата ги олеснува за повеќе од 8kg* во споредба со моделите од претходната генерација. Со својот модернизиран облик, овие седишта завземаат помал простор овозможувајќи поширок опсег на позиции за седење. Седиштата Performance обезбедуваат подобра странична поддршка во текот на спортското возење и опција за ладење за поголем комфор.

*Споредбена заштеда во тежината за седиштата Performance.

ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Притиснете го копчето Start и внатрешноста на F‑TYPE ќе оживее со каскада од светла. Прилагодливото внатрешно осветлување дава уште поголема можност за персонализација преку изборот на бои, фосфорно сина, светло сина, бела, корално розева или црвена, што ќе одговараат на вашето расположение или стил. Активирајте го динамичкиот режим и осветлувањето на рачките на вратите, на централната конзола и во групата инструменти драматично се префрлува во црвена боја.

БАГАЖЕН ПРОСТОР

БАГАЖЕН ПРОСТОР

Багажниот простор кај F-TYPE Coupé го дизајниравме за да создадеме спортски автомобил што се совпаѓа со секаков животен стил. Неговиот багажен простор може да се натпреварува со багажниот простор на некои добро познати семејни хечбек автомобили – до 408 литри. За уште поедноставен пристап до багажниот простор, крајната врата може да се отвори или затвори со допир на копчето со опционалната функција крајна врата со електромоторен погон*.

*Само кај моделот Coupé.