Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Во хармонија со спортската природа на автомобилот, напредната технологија на F‑TYPE ви осигурува безбедност, непрекината поврзливост и постојана забава.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

Со најсовремениот систем за информации и забава Touch Pro и аудио системите со прецизна изработка, F-TYPE ве поврзува, ве информира и ви овозможува забава со карактеристичен стил.

Креирајте свој модел

ИНТУИТИВНИ ВИЗУЕЛНИ КОНТРОЛИ

8-инчниот екран на допир во боја во F-TYPE е вашето единствено место за интеракција со системот за информации и забава InControl. Тоа ви дава директна контрола врз системите за навигација, музика, телефон, климатизација и многу дополнителни системи за поддршка на возачот вклучувајќи ги и системите за помош при паркирање и системот Динамика којашто може да се конфигурира.

TOUCH PRO

TOUCH PRO

F-TYPE сега се карактеризира со системот за информации и забава Touch Pro како дел од стандардната опрема. Со брза реакција, високоинтуитивен кориснички интерфејс и остра графика, Touch Pro е најнапредниот систем за информации и забава што Jaguar го создал досега. Овој систем овозможува поседувањето и возењето на F-TYPE да биде поедноставно од кога и да било.

CONNECT PRO

CONNECT PRO

Технологиите и апликациите на Connect Pro ви го даваат најдоброто во поврзливоста и удобноста. Тие се состојат од InControl Apps, апликацијата InControl Remote и Pro Services, сите поткрепени со брз 4G интернет.

INCONTROL REMOTE APP

INCONTROL REMOTE APP

Апликацијата InControl Remote ви овозможува да го набљудувате, а и да комуницирате со вашиот F-TYPE преку вашиот паметен телефон. Ви дава информации и статистики за вашиот автомобил, вклучувајќи ги нивото на гориво, детали од претходни патувања и дали некоја врата или прозорец се отворени или отклучени. Апликацијата ви овозможува и да го стартувате моторот за да се климатизира* кабината, да го заклучите и отклучите автомобилот и да го лоцирате вашиот F-TYPE на мапа или со помош на функцијата за звучен (бип) и визуелен (блесок со трепкачите) сигнал.

*Само кај моделите со автоматска трансмисија.

SECURE TRACKER

SECURE TRACKER

Следејќи го вашиот F-TYPE во случај на кражба или на какво било нелегално движење, функцијата Secure Tracker собира информации со коишто ќе се погрижи да се лоцира и оспособи вашето возило што е можно побрзо. Дури и ако вашиот автомобил е украден со клучевите, вие можете да го сигнализирате тоа преку повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата InControl Remote.

INCONTROL APPS

INCONTROL APPS

InControl Apps ви овозможува да ги контролирате компатибилните апликации на вашиот екран на допир, осигурувајќи безбедно и удобно користење на апликациите коишто се оптимизирани специјално за употреба во вашето возило. Со постојано проширување на асортиманот на услуги, InControl Apps може да ви помогне во планирањето на вашето патување, во организирањето на вашиот следен состанок и во откривањето на светот околу вас.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™

Во соработка со британските експерти за звук Meridian, дизајниравме два системи со високи спецификации специјално за F-TYPE. Тука е стандардниот систем од 380W со 10 звучници вклучувајќи 2 сабвуфера. А опционалниот аудио систем Meridian од 770W со опкружувачки звук, со 12 звучници, што дава акустика како во концертна хала ја користи ексклузивната Trifield™ технологија на Meridian.

СИСТЕМ ЗА ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ КОНТАКТ СО ПЕШАК

СИСТЕМ ЗА ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ КОНТАКТ СО ПЕШАК

Се грижи за заштитата на луѓето надвор од вашиот автомобил како и на тие што се во автомобилот. Ако автомобилот дојде во контакт со пешак, нашиот водечки во индустријата Систем за забележување контакт со пешак е дизајниран автоматски да ја крене хаубата за да помогне во ублажувањето на потенцијалниот удар.