Logo jaguar mobile

НАДВОРЕШНОСТ

Флуидни линии на каросеријата, извајани контури, нагласени задни крила – очигледната појава на F-TYPE не е никаква илузија. Ова е спортски автомобил со високи перформанси.

Моќната силуета и прекрасните пропорции на F-TYPE го откриваат неговото потекло, последниот член во легендарната семејна лоза на перформансни спортски автомобили на Jaguar. Тој, делумно, е обликуван од самиот ветер, формиран од најсовремените методи за дизајнирање со компјутерска динамика на флуиди, на Jaguar. Аеродинамичните перформанси незабележително се интегрирани во каросеријата за да се добијат ниско ниво на подигнување и одлична стабилност на големи брзини. И со која било брзина да се движите, новите прилагодливи ЛЕД фарови на F‑TYPE ќе го прилагодат нивниот сноп за да го гарантираат најдоброто можно осветлување.

Креирајте свој модел

ЛЕД ФАРОВИ

Дури и ноќе, F-TYPE се издвојува. Неговите нови ЛЕД фарови* коишто се карактеризираат со ЛЕД светла за дневно возење со „Ј“ потпис се моќни и како што изгледаат. Овие елегантни фарови ја прилагодуваат ширината и длабочината на нивниот сноп во однос на брзината на движење и нудат светлина што со квалитетот е поблиска до дневната светлина. Секогаш го имате најдоброто можно осветлување независно од опкружувањето во кое се движите, осветлување што се грижи вашите очи полесно да ги распознаваат предметите, а истовремено и го намалува нивниот замор.

*Дел од стандардната опрема кај F-TYPE R Dynamic, F-TYPE R и F-TYPE SVR. Опционална опрема кај F-TYPE.

F-TYPE

F-TYPE

F-TYPE е чист спортски автомобил со дизајн што комбинира моќност и елеганција. Смели пропорции. Инстинктивни заоблувања. Безвременски, предизвикувачки и прогресивен на начин на којшто тоа може да биде само Jaguar. Достапен со тркала од легура со димензии од 18 инчи дo 20 инчи.

F-TYPE R-DYNAMIC

F-TYPE R-DYNAMIC

Унапредувањата во дизајнот на F-TYPE R-Dynamic му даваат врвен доверлив изглед. Тој има похрабар став и е посамоуверен благодарејќи на впечатливиот стил на каросеријата и изборот на поголеми тркала од легура. Моќните и прекрасно дизајнираните ЛЕД фарови се совршен завршен детаљ.

F-TYPE 400 SPORT

F-TYPE 400 SPORT

Уникатниот дизајн на оваа специјална серија е создаден преку карактеристичното стилизирање и јасните детали на F-TYPE 400 SPORT во жолта боја, во внатрешноста и на надворешноста. Неговиот пакет Sport Design и декоративните површини со завршна обработка во Dark Satin Grey му даваат појава што ги привлекува погледите. Тркалата од легура со завршна обработка во Dark Satin Grey го комплетираат ексклузивниот изглед.

F-TYPE R

F-TYPE R

F-TYPE R е интензитет. Убедлива мешавина од перформанси и стил. Тој нуди повеќе. Повеќе моќност. Повеќе динамика. Повеќе возбуда. Усовршен, раскошен и возбудувачки – F-TYPE R е еден единствен.

F-TYPE SVR

F-TYPE SVR

Перформансите на нашиот најмоќен сериски автомобил произведен досега се надградени преку секој дел од неговиот драматичен дизајн на надворешноста. Секој стилски елемент, и до најситниот суптилен детаљ, ја создава уникатната динамика на F-TYPE SVR.

ИЗБОР НА ПОКРИВ ЗА ИЗВЕДБАТА COUPÉ

АЛУМИНИУМСКИ ПОКРИВ

За вистински Coupé изглед, алуминиумскиот покрив на F‑TYPE е цврст и со мала тежина како останатиот дел од возилото. Обезбедува идеално надополнување на бојата, стилот и линијата на моќниот профил на F‑TYPE. Алуминиумскиот покрив го изразува F‑TYPE во неговата најчиста форма на спортски автомобил.

ФИКСЕН ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

Внесувајќи уште повеќе природна светлина и воздух во внатрешноста на автомобилот, панорамскиот покрив по целата ширина е опционална опрема. За зголемена приватност, ако се бара, покривот има и рачно задвижувана завеса на лизгање.

ПОКРИВ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА

Со надворешна и внатрешна табла од карбонски влакна коишто се споени за да се создаде цврста покривна констукција со мала тежина, опционалниот покрив од карбонски влакна е за 20 проценти полесен од стандардниот алуминиумски покрив. Се карактеризира со плетка од карбонски влакна којашто е видлива преку завршниот слој од високо квалитетен лак.

ПОКРИВ КАЈ CONVERTIBLE

Платнениот покрив кај F-TYPE Convertible е достапен во четири бои. Со акустична надградба со помош на композитни платнени материјали за да се намали бучавата, покривот се карактеризира со рамно монтирано задно ветробранско стакло со греење. Покривот може да се подигне или да се спушти за само 12 секунди и работи целосно автоматски на брзини до 50km/h.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ЗАДНИ ЛЕД СВЕТЛА

ЗАДНИ ЛЕД СВЕТЛА

Новиот дизајн на задните светла, што се протегаат од страните на автомобилот, ја задржува тенката форма долж елегантната ЛЕД технологија. Одзади, F‑TYPE добива ефект на ширина и прекрасни динамични пропорции.

Дизајниран да даде право уживање во возењето, техничкото совршенство на F‑TYPE нуди пространство од можности што ќе одговараат на барањата на секој возач и на секој пат. Coupé или Convertible, погон на задните тркала или погон на сите тркала, рачна или автоматска трансмисија, серијата модели F‑TYPE нуди по нешто за секој тип на возач. Дизајнирајте го и креирајте го својот совршен F‑TYPE со помош на нашиот конфигуратор или пријавете го вашиот интерес.

Креирајте свој модел