Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА НА МОТОРОТ

F-TYPE нуди палета на високонапредни V6 и V8 мотори со компресор.

Секој мотор се карактеризира со Рутов завоен компресор со два ротора којшто ги поддржува компактните димензии на моторот. За да се намали потрошувачката на гориво, особено во градското возење, во секој F‑TYPE е вграден, како дел од стандардната опрема, системот Интелигентен Stop/Start којшто има брза реакција. Достапен како со рачна така и со автоматска трансмисија, ќе најдете F‑TYPE којшто совршено одговара на вашиот стил.

Креирајте свој модел
МОЌНОСТ НА V6 МОТОРОТ

МОЌНОСТ НА V6 МОТОРОТ

V6 моторите на F-TYPE се моќни и префинети. Компактниот компресор со софистицирана контрола на притисокот на полнење и секундарниот вентил за гас ви даваат експлозија од моќност кога забрзувате, без никаква задршка. 3.0-литарскиот V6 мотор со моќност од 340PS развива вртежен момент од 450Nm и постигнува 0-100km/h за само 5,3 секунди. Моторот со поголема моќност, 380PS, развива вртежен момент од 460Nm за уште помоќни перформанси и има забрзување од 0 до 100km/h за само 4,9 секунди.

ЗВУК НА СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ

Секој F-TYPE е опремен со активен спортски издув што создава крешендо инспирирано од тркачки автомобил. Издувниот систем реагира на положбата на педалот за гас, на брзината и на бројот на вртежи на моторот преку отворање на активните вентили. Кога се отворени, овие вентили им овозможуваат на издувните гасови да се движат низ подиректна патека, со помалку прегради, во задниот лонец создавајќи побогат, повозбудувачки звук. Променливиот активен издув*, ви овозможува рачно да ги отворите издувните вентили така што можете да уживате во возбудувачкиот звук на F-TYPE не секаков број на вртежи на моторот.

*Дел од стандардната опрема кај моделите F-TYPE R-Dynamic, F-TYPE R и F-TYPE SVR. Опционална опрема кај F-TYPE.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

Дизајниран да даде право уживање во возењето, техничкото совршенство на F‑TYPE нуди пространство од можности што ќе одговараат на барањата на секој возач и на секој пат. Coupé или Convertible, погон на задните тркала или погон на сите тркала, рачна или автоматска трансмисија, серијата модели F‑TYPE нуди по нешто за секој тип на возач. Дизајнирајте го и креирајте го својот совршен F‑TYPE со помош на нашиот конфигуратор или пријавете го вашиот интерес.

Креирајте свој модел