Logo jaguar mobile

F-PACE S

F-PACE во неговата највозбудлива варијанта и со фокус на перформансите.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 159 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 6,0 со автоматска трансмисија

Моќноста, напредната динамика на возење и спортскиот луксуз се соединети во F-PACE за да се создаде Jaguar со неодолив стил и содржина. Неговиот внатрешен дизајн ги зајакнува моќните карактеристики на овој Jaguar и понатаму нудејќи брилијантна сестраност. Иновативните технологии на Jaguar коишто го издигнуваат секое возење на повисоко ниво, го комплетираат овoj луксузeн и перформансен SUV.

Креирајте свој модел Закажете тест возење

ДИНАМИКА ВО ВНАТРЕШНОСТА*

Секој елемент од внатрешноста на F-PACE S - од изборот на внатрешноста до уникатното S обележување - ви кажува дека ова е F-PACE со моќност во неговото срце.

МОЌНИ МОТОРИ

F-PACE S ви нуди избор од два моќни мотори. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор со моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm - којшто постигнува 0-100km/h за 5,5 секунди. Моќниот 3.0-литарски V6 турбодизел мотор со моќност од 300PS и со исклучителен вртежен момент од 700Nm. Способен е да постигне 0-100km/h за 6,2 секунди.

Креирајте свој модел

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА И ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА*

Системот Прилагодлива динамика ја менува реакцијата на F‑PACE за да се совпадне со условите и вашиот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу смиреноста и комфорот за цело време. Инспириран од спортските автомобили F‑TYPE, системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ја поставите динамиката на F‑PACE за потпирањето, мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси.

истражете ги перформансите на возење

МОЌЕН СТИЛ

F-PACE S лесно се забележува на патот. Неговиот надворешен дизајн ги нагласува мускулестите пропорции на F-PACE за да создаде форма чијшто секој дел е динамичен како што е и неговото возење. Тркалата од легура од типот Blade со димензија од 20 инчи, црвените шепи за кочниците и уникатниот S беџ несомнено осаваат впечаток дека ова е SUV со моќност во своето срце.

Истражете ја надворешноста

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА МОДЕЛОТ S

Откријте повеќе за S.

Истражете ги спецификациите

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Истражете ги додатоците