Logo jaguar mobile

F-PACE R-SPORT

Самоуверен стил со спортски елементи на надворешноста и спортски седишта.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачен менувач
Од 5,1 со автоматска трансмисија

Комбинирајќи ги моќниот изглед и супериорната динамика на возење, очигледно е дека спортското педигре на Jaguar е присутно кај F-PACE R‑Sport. А со избор од понудените мотори* и трансмисии*, можете да го креирате правиот R‑Sport за вас.

*Ве молиме да имате во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата на купување, од варијантата на моторот и трансмисијата.

Креирајте свој модел Закажете тест возење

СПОРТСКА ВНАТРЕШНОСТ*

Внатрешноста на R-Sport ја зајакнува спортската тема со дизајн којшто содржи многубројни уникатни стилски детали.

ПРЕДИЗВИКУВАЧКА ВНАТРЕШНОСТ*

Внатрешноста на R-Sport ги спојува спортското и практичното за да го создаде најновото во современиот дизајн. Спортски обликуваните седишта се карактеризираат со шевови во контрастна боја во асортиманот на материјали за тапацирање за автомобил со моќен изглед. Металните плочки R-Sport на праговите и R-Sport воланот го надополнуваат динамичниот стил.

Истражете ја внатрешноста

МОЌЕН ИЗГЛЕД*

Карактеристичниот стил на каросеријата на R-Sport вклучува уникатни предни одбојници со поголеми влезни отвори за воздух, порабување на украсната маска во бојата Satin Chrome и странични отвори за вентилација во истата боја, Satin Chrome. Украсните странични елементи на вратите во боја на каросеријата со завршни елементи во бојата Satin Black, порабувањето на прозорците во бојата Gloss Black и палетата со тркала од легура дополнително ја засилуваат агресивната појава на F-PACE.

Истражете ја надворешноста

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО*

Сноповите од мека светлина на внатрешното осветлување според расположението во бојата Phosphor Blue ги нагласуваат централната конзола, препознатливите линии на вратите, кваките на вратите и просторот за одлагање предмети во вратите - збогатувајќи го амбиентот во кабината.

Истражете ја надворешноста

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА R-SPORT

Откријте повеќе за R-Sport.

Истражете ги спецификациите

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Истражете ги додатоците