Logo jaguar mobile

F-PACE PURE

Суштината на F-PACE. Перформанси на Jaguar, агилна управливост и практичност.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачен менувач
Од 5,1 со автоматска трансмисија

F-PACE Pure ги соединува иновациите и сестраноста со возбудата што ја носи агилноста на спортски автомобил. Моделот нуди избор од напредни бензински и дизел* мотори, а и едниот и другиот мотор се во комбинација со автоматска или рачна* трансмисија. Со тоа се добива F-PACE Pure што одговара на секој животен стил.

*Зависи од пазарот

Креирајте свој модел Закажете тест возење

JAGUAR КВАЛИТЕТ

Комбинирајќи ги современиот дизајн со врвниот квалитет на завршната обработка, исклучително пространата кабина на F-PACE Pure се карактеризира со предни седишта со прилагодување во 8 насоки како дел од стандардната опрема.

ВО ДЕТАЛИТЕ Е

Штом ќе седнете во F-PACE Pure, ги забележувате прецизно изработените детали. Од модерната елеганција на металните прагови со натпис Jaguar и тапацирот на вратите во бојата Gloss Black до одмерениот кокпит и комфорните седишта.

Истражете ја надворешноста

ВАШИОТ КОМАНДЕН ЦЕНТАР

Во срцето на F-PACE е системот за информации и забава InControl Touch, којшто има екран на допир од 8 инчи со современ графички дизајн и интуитивни елементи за контрола. Овој систем, на дофат на раката ви доведува разни карактеристики, вклучувајќи ги аудио системот, клима уредот и сателитската навигација*.

*Опционална карактеристика (зависи од пазарот)

Истражете ја технологијата во автомобил

СТИЛОТ НА НАДВОРЕШНОСТА

Од самоуверенета исправена украсна маска до мускулестата хауба и нагласените задни крила, F-PACE е перформансен SUV коjшто има ДНК на спортски автомобил. Неговиот карактеристичен изглед се комплетира со тркалата од легура со димензија од 18 инчи, рабовите на прозорците во бојата Satin Black и привлечните хромирани странични отвори за вентилација.

Истражете ја надворешноста

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА PURE

Откријте повеќе за Pure.

Истражете ги спецификациите

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Истражете ги додатоците