Logo jaguar mobile

F-PACE PRESTIGE

Додаден луксуз со прекрасно изработена внатрешност вклучувајќи го и кожниот тапацир.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачен менувач
Од 5,1 со автоматска трансмисија

F-PACE Prestige ја комбинира својата појава којашто мами погледи, со стилската префинета и практична внатрешност. Можете да изберете од достапните мотори и трансмисии со опцијата AWD или RWD. И каков и да е вашиот стил, секое патување е издигнато на повисоко ниво со нашиот пакет од напредни технологии InControl*.

*Ве молиме да имате во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата на купување, од варијантата на моторот и трансмисијата.

Креирајте свој модел Закажете тест возење

Луксузен простор

Хармонизирајќи се со чудесниот надворешен дизајн, внатрешноста на F-PACE Prestige нуди првокласни материјали со совршена изработка и елегантни завршни детали.

ДОДАДЕН ЛУКСУЗ

Уживајте во комфорот на предните седишта со прилагодување во 8 насоки со убавината и луксузот на зрнестата кожа со контрастни шевови. Воланот од мека зрнеста кожа и екранот на допир со порабување во бојата Satin Chrome го дополнуваат чувството за врвен квалитет. Изберете една од трите комбинации од бои за да му дадете личен детаљ на вашиот автомобил.

Креирајте свој модел

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Сноповите од мека светлина на внатрешното осветлување според расположението во бојата Phosphor Blue ги нагласуваат централната конзола, препознатливите линии на вратите, кваките на вратите и просторот за одлагање предмети во вратите - збогатувајќи го амбиентот во кабината.

Истражете ја надворешноста

КСЕНОН ФАРОВИ

За поедноставно и побезбедно ноќно возење тука се бифункционалните ксенон фарови на Jaguar со прскалки коишто обезбедуваат одлично осветлување на патот, и со долгите и со соборените светла. Интегралните ЛЕД светла за дневно возење со „Ј“ потписот исто така даваат карактеристична визуелна препознатливост.

Истражете ја надворешноста

Спецификациите на Prestige

Откријте повеќе за Prestige.

Истражете ги спецификациите

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Истражете ги додатоците