Logo jaguar mobile

БЕЗБЕДНОСТ И ПРАКТИЧНОСТ

Технолошки напреден и неверојатно практичен, F-PACE има сѐ што ви треба за вашиот активен животен стил.

ДИЗАЈНИРАН ЗА ДА ТРАЕ

Го создадовме F-PACE за да го обезбедиме сиот простор што ви треба вам, на вашите сопатници и на вашиот животен стил. А за дополнителна доверба и безбедност, F-PACE користи напредни технологии за помош на возачот коишто го прават секое патување порелаксирано и поедноставно.

Креирајте свој модел

ПРОСТРАН И ПРАКТИЧЕН

F-PACE е практичен и сестран. Конфигурацијата на неговите задни седишта во однос 40:20:40, нискиот праг за товарење, широкиот отвор на багажниот простор и импресивниот багажен простор од 1740 литри* со соборени задни седишта за рамна површина во багажниот простор, овозможуваат едноставно товарење на сите работи што ви требаат.

*Конфигурацијата и вкупната зафатнина на багажниот простор се менуваат во зависност од моделот и дали возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија или со тенко резервно тркало. Ве молиме консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar за подетални информации.

КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Клучот за активирање* го прави живеењето на животот со полни гради уште полесно. Алката е робусна и потполно водоотпорна. Ви дозволува да уживате во многубројни активности - од падобранство до пливање - и го носи вашиот клуч за автомобилот со вас. Конвенционалната клуч картичка може да остане во автомобилот бидејќи е деактивирана заради сигурност.

*Опционална карактеристика.

КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

Крајната врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација* му овозможува на возачот да ракува со крајната врата од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и крајната врата се отвора или се затвора. 



*Опционална карактеристика.

ПРОМЕНЛИВ ПОД ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

ПРОМЕНЛИВ ПОД ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

Подот во багажниот простор* на F-PACE е променлив и може брзо да се менува, од издржливот теписон до
 гумираната површина, едноставна за чистење, идеална за влажна и каллива опрема.

*Конфигурацијата и вкупната зафатнина на багажниот простор се менуваат во зависност од моделот и дали возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија или со тенко резервно тркало. Ве молиме консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar за подетални информации.

РЕЗЕРВНО ТРКАЛО СО НОРМАЛНА ДИМЕНЗИЈА

РЕЗЕРВНО ТРКАЛО СО НОРМАЛНА ДИМЕНЗИЈА

F-PACE е достапен со резервно тркало со нормална димензија за да се совпаѓа со вашиот избор на тркала од легура. Овој детаљ го подига подот на багажниот простор и со тоа ја намалува зафатнината на багажниот простор. Ве молиме разговарајте со вашиот продавач на Jaguar за подетални информации бидејќи ова може да влијае на компатибилноста на некои карактеристики и додатоци.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ*

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ*

Системот Помош при паркирање го прави паркирањето во тесен простор поедноставно од кога и да било. F‑PACE може да се управува самиот себе си прецизно во текот на маневрите и за паралелното и за паркирањето под прав агол - возачот треба само да ги контролира педалите за кочници и за гас. Функцијата помош при излез може да го води F-PACE додека излегува од простор за паралелно паркирање.

*Опционални карактеристики, достапноста и вградувањето се во зависност од пазарот.