Logo jaguar mobile

F-PACE PORTFOLIO

Кулминација на луксузот на F-PACE - елегантен, софистициран и со множество од иновативни технологии.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачен менувач
Од 5,1 со автоматска трансмисија

F-PACE Portfolio ја нуди кулминацијата од луксуз во серијата F-PACE. Ги соединува првокласните материјали со современото британско мајсторство за да создаде SUV возило со истакнати дизајн, комфор и стил.

Креирајте свој модел Закажете тест возење

ЕЛЕГАНЦИЈА И СТИЛ

Со материјали и дизајнерски детали коишто имаат јасно забележлив изглед и чувство на луксуз - прекрасната внатрешност на F-PACE е место на модерна елеганција.

ПРВОКЛАСНИ СЕДИШТА

Луксузната перфорирана кожа Windsor се користи за тапацирање на седиштата со електрично прилагодување во 10 насоки кај F-PACE Portfolio. Кожата е прекрасно мека и се карактеризира со препознатливиот знак на Jaguar, јагуарот во скок, којшто е втиснат во наслоните за глава. Исто како и секој елемент од внатрешноста на F-PACE Portfolio, овие седишта се комфорни, луксузни и карактеристични за Jaguar.

Креирајте свој модел

ИЗРАБОТЕН ЗА КОМФОР

Внатрешноста на Portfolio ја прикажува современата мајсторска изработка на Jaguar. Јасно изразениот фурнир во Gloss Figured Ebony* ги истакнува централната конзола^ и вратите. Вештачката кожа со своите прецизни шевови ги покрива страничните површини на централната конзола и горната површина на инструмент таблата.

*Прикажаната слика е со опционална боја Satin Grey Figured Ebony.

^ Само кај модели со автоматска трансмисија.

Истражете ја надворешноста

ПРИЛАГОДЛИВО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

F-PACE може да создаде амбиент којшто ќе се совпадне со вашето расположение. Тоа го постигнува со помош на функцијата Прилагодливо внатрешно осветлување според расположението. Системот ги нагласува најфините стилски детали во внатрешноста, вклучувајќи ги препознатливите линии на вратите, кваките на вратите, просторот за одлагање предмети во вратите, конзолата и отворите за вентилација, со снопови од мека светлина во една од десетте бои.

Истражете ја технологијата во автомобил

Спецификациите на Portfolio

Откријте повеќе за Portfolio.

Истражете ги спецификациите

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Истражете ги додатоците