Logo jaguar mobile

F-PACE

Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar ги соединува спортското управување и драматичната убавина со секојдневната практичност и ефикасност.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачна трансмисија
Од 5,1 со автоматска трансмисија

F-PACE е перформансен SUV коjшто ги комбинира максимално возбудливото возење и економичноста. Технолошки напреден до сржта, F-PACE се грижи за вашата безбедност, поврзливост и забава. Способен е за секаков пат и има капацитет за секој ден. F-PACE е Jaguar за вас, Jaguar за вашето семејство.

Креирајте свој модел Закажете тест возење

СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ ЗА 2017 ГОДИНА

Жирито од 72 автомобилски новинари од 24 земји одлучи - F-PACE ги доби наградите за Светски автомобил на годината за 2017 и Светски автомобилски дизајн на годината за 2017. F-PACE е второ возило кое досега успеало да ја освои оваа двојна победа, а со овој успех глобалната листа на награди се зголеми на 34. Значи, ако сте во потрага по луксузен и перформансен SUV кој ги привлекува погледите со своето присуство - не барајте подалеку од Jaguar F-PACE.

ДНК НА СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ

Инспириран од F-TYPE, новиот Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто има ДНК на спортски автомобил. Од испакнатата хауба до нагласените задни крила, неговиот моќен изглед го прави исклучителен и ги привлекува погледите кога е на пат. F-PACE повторно ја открива енергијата, јакоста и чистата форма на F-TYPE.

Истражете ја надворешноста

МОЌНОСТ И ЕФИКАСНОСТ

Истражете ја проширената лепеза од мотори на F-PACE. Во неа се вклучени новиот 2.0-литарски 4-цилиндричен 250PS бензински мотор со турбо полнач, 3.0-литарски V6 380PS бензински мотор со компресор и ефикасниот 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS дизел мотор со турбо полнач, кој може да ја симне потрошувачката на 4,6l/100km а емисијата на CO2 во комбиниран циклус е од 122g/km.*

*Потрошувачката на гориво/емисијата на издувни гасови ќе се менува во зависност од димензијата на пневматиците.

Истражете ги перформансите за возење

ПРАКТИЧНОСТ И ПРОСТРАНОСТ

F-PACE има багажен простор со капацитет од 650 литри* што е водечки во класата и прилагодлива конфигурација со соборување на задните седишта во однос 40:20:40.

*Простор под полицата и кога возилото е опремено со систем за поправка на пневматици. 508 литри кога возилото е опремено со тенко резервно тркало. 463 литри кога возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија.

Истражете ја внатрешноста

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Во F-PACE ја имате најсовремената технологија, како што се Head-up дисплеј и Клуч за активирање, како и напредните системи за помош на возачот коишто секое патување ќе го направат полесно и порелаксирано. Тука спаѓа и напредниот мултимедијален систем InControl, кој се грижи за вашата забава и ви гарантира дека секогаш сте поврзани со надворешниот свет.

Истражете ја технологијата во автомобил
Play

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО F-PACE ГИ ВОЗБУДУВА СЕТИЛАТА

Кога сензационални перформанси се среќаваат со драматичен изглед, тогаш резултатот е чиста возбуда. На тоа додадете ја секојдневната практичност и го имате целосно новиот F-PACE, SUV возилото на Jaguar.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ
ЦЕЛОСНО НОВИОТ F-PACE ЗА БИЗНИС

ЦЕЛОСНО НОВИОТ F-PACE ЗА БИЗНИС

Целосно новиот F-PACE на возачите им нуди комбинација од секојдневна практичност, имперсивна ефикасност и карактеристичен, спортски стил.

Технологијата на F-PACE за мал коефициент на триење, каросеријата со мала тежина и иновативната аеродинамика се грижат да се добие мала емисија на CO2 и исклучителна горивна економичност - сето ова придонесува за ниски вкупни трошоци за поседување и одржување на возилото.

Кога на тоа ќе го додадете сиот простор што ви треба за секој аспект од вашиот професионален и приватен живот, целосно новиот F-PACE е совршено надополнување за секој возен парк.

ПАЛЕТАТА НА F-PACE

Прегледајте ја F-PACE серијата и откријте ја вашата идеална комбинација од перформанси, стил и практичност.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ F-PACE

F-PACE PURE

Суштината на F-PACE. Енергични перформанси, агилна управливост и практичност.

F-PACE PRESTIGE

Дополнителен луксуз со прекрасно изработена внатрешност вклучувајќи го и кожниот тапацир.

F-PACE PORTFOLIO

Кулминација на луксузот на F-PACE - елегантен, софистициран и со множество од иновативни технологии.

F-PACE R-SPORT

Самоуверен спортски стил со спортски елементи на надворешноста и специјални спортски седишта.

F-PACE S

За вистински спортски перформанси, изберете помеѓу 3.0-литарскиот V6 турбодизел мотор со моќност од 300PS или 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор со моќност од 380PS.