Logo jaguar mobile

Внатрешност

Внатрешноста на F-PACE ги спојува елегантното и спортското за да го создаде најновото во современиот дизајн.

НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

F-PACE има широк спектар на рачно избрани кожи и софистицирани завршни обработки. Овие првокласни материјали на F-PACE му даваат една од најголемите можности за избор на внатрешност во неговата класа. Ова е извонредна можност да креирате простор којшто го отсликува вашиот личен стил.

Креирајте свој модел

СПОРТСКИ ЛУКСУЗ

Внатрешноста на F-PACE ве пречекува со софистицираниот и предизвикувачки спортски стил. Изберете од палетата со луксузни бои и материјали.

КВАЛИТЕТ И МАЈСТОРСТВО

F-PACE има една од најголемите можности за избор на внатрешност во неговата класа, којашто се карактеризира со современо британско мајсторство, рачно избрани првокласни материјали, еластични кожи и софистицирани завршни обработки.

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Можете да ја издигнете персонализацијата на повисоко ниво со помош на системот Прилагодливо внатрешно осветлување според расположението**, којшто создава богат визуелен ефект и гостопримлива, релаксирачка атмосфера за сите патници во автомобилот. Системот ги нагласува најфините стилски детали во внатрешноста со снопови од мека светлина којашто е во избор од десет различни бои. F-PACE може да создаде амбиент којшто ќе се совпадне со секое ваше расположение.

** Достапноста и вградувањето се во зависност од пазарот.

ПРОСТОР ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ

ПРОСТОР ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ

Кај задните седишта, просторот за нозете и за колената е 945mm и 65mm, по наведениот редослед. Тука има простор три возрасни лица да седат заедно и комфорно, а задните седишта се карактеризираат и со функцијата за електрично навалување - совршената положба за седење ја добивате со еден допир на копчето.

ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

Изберете една од нашите опции за панорамски стаклен покрив*, фиксен или лизгачки панорамски покрив, да ја исполните со светлина внатрешноста на вашиот F-PACE и да го зголемите чувството за простор.За поголема приватност и да се намали прекумерното загревање од сончевите зраци, секој панорамски покрив е опремен со електрична завеса како дел од стандардната опрема.

*Вградувањето панорамски стаклен покрив зависи од пазарот и од моделот.