Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредната технологија на F-PACE нуди спектар од системи коишто го зголемуваат доживувањето при возење и се грижат сите патници во возилото да бидат безбедни.

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

InControl е нашиот пакет од напредни технологии што ве поврзува и вас и вашиот F-PACE со останатиот свет. Изберете еден од двата системи за информации и забава InControl: Touch, достапен е како дел од стандардната опрема, или надградената верзија Touch Pro. И двата системи може понатаму да се надградуваат со додавање на нивните односни пакети за поврзливост, Connect и Connect Pro**.

Креирајте свој модел

TOUCH*

TOUCH*

ДЕЛ ОД СТАНДАРДНАТА ОПРЕМА КАЈ СЕКОЈ F-PACE

InControl е нашиот пакет од напредни технологии што се грижи за одржување на вашите важни дигитални врски и беспрекорно и сигурно ве поврзува со вашиот F-PACE.

• 8”-ен екран на допир
• Група инструменти со 5”-ен централен TFT дисплеј
• Аудио систем Jaguar (80W)
• AM/FM радио
• USB, Bluetooth® и AUX приклучници

TOUCH PRO*

TOUCH PRO*

ДОСТАПЕН КАКО НАДГРАДБА

Хардверот и софтверот од следната генерација на системот Touch Pro ги унапредуваат поврзливоста и забавата во F-PACE до највисокото ниво.

• 10.2” ен екран на допир со гестикулации со повеќекратен допир и приспособлив почетен екран
• Инструмент табла со 12.3”-ен дисплеј со виртуелни изборни копчиња и со поглед на мапа во 3Д на целиот екран
• Систем за навигација Navigation Pro
• Аудио систем Meridian™ (380W)
• AM/FM радио, Bluetooth® и 2 x USB приклучници
• Употреблива меморија од 10GB
• CD/DVD уред

ДВОЕН ПОГЛЕД

ДВОЕН ПОГЛЕД

Опционално само со Touch Pro, системот Двоен поглед им овозможува на совозачот и на возачот да уживаат во различни медиуми на истиот екран на допир од 10,2 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот ја гледа навигацијата.

INCONTROL APPS*

INCONTROL APPS*

Функцијата InControl Apps ви овозможува да ги користите разните апликации за паметен телефон коишто се оптмизирани за употреба во возило, на вашиот екран на допир. Со постојано проширување на асортиманот на услуги, InControl Apps може да ви помогне во планирањето на вашето патување, во организирањето на вашиот следен состанок и во откривањето на светот околу вас.

PROTECT*

PROTECT*

Protect се состои од функциите SOS итен повик, Jaguar Optimised Assistance и апликацијата за паметен телефон Remote Essentials.

 CONNECT*

CONNECT*

Connect се состои од функциите InControl Apps, апликацијата за паметен телефон Remote Premium и Wi-Fi хот-спот.

CONNECT PRO**

CONNECT PRO**

За понатамошна надградба на Touch Pro, опционалниот систем Connect Pro се состои од InControl Apps, апликацијата за паметен телефон Remote Premium, Wi-Fi хот-спот и Pro Services вклучувајќи ја функцијата Сообраќајни информации во реално време. Меѓу останатите карактеристики спаѓаат синхронизирање на вашите омилени патувања преку системот за навигација на Touch Pro во автомобилот, апликацијата Route Planner на вашиот паметен телефон и веб-локацијата Route Planner.

SECURE TRACKER*

SECURE TRACKER*

Secure Tracker обезбедува набљудување на украдено возило и известувања преку вашиот паметен телефон и сигурносниот повикувачки центар.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Опционалниот Head-Up Дисплеј (HUD)†** со ласерска технологија ги проектира главните информации врз ветробранското стакло. Кадешто е достапно, податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, брзината на возилото, известувањата од системот за навигација и од системот за контрола на патната брзина се проектираат јасно дури и при директна сончева светлина. Системот HUD се грижи да го минимизрате времето што ви е потребно за гледање надолу, кон групата инструменти.

†**Системот бара да биде вградено инфрацрвено рефлективно ветробранско стакло.

АУДИО

Оживејте ја вашата музика со палетата од аудио системи,- вклучувајќи го аудио системот Meridian™ од 380W* со 11 звучници или аудио системот Meridian™ од 825W* со опкружувачки звук со 17 звучници. Сите системи гарантираат дека секој еден во автомобилот ќе ужива во богато, просторно аудио доживување.


*Опционална карактеристика.