Logo jaguar mobile

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Откријте ја возбудата што ја донесува возењето на F-PACE, со агилната управливост и технолошки напредните мотори коишто овозможуваат перформанси и ефикасност.

F-PACE оживеа благодарение на моќноста на неговите мотори во комбинација со алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar и напредните технологии за динамични перформанси. Заедно, тие овозможуваат возбудливи перформанси и импресивна горивна економичност.

Креирајте свој модел

ЦЕЛОСНА ДОВЕРБА

Без разлика дали ќе изберете погон на задните тркала (RWD) или погон на сите тркала (AWD), F-PACE секогаш се чувствува и се однесува како Jaguar.

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Алуминиумската конструкција со мала тежина на F-PACE е крута и јака, нуди одлична заштита за сите патници во возилото, додека нејзината намалена тежина ја подобрува ефикасноста и ги надградува управливоста и кочењето. F-PACE е меѓу најлесните автомобили во својата класа* и нуди распределба на тежината со скоро совршен 50:50 баланс, за да се постигнат спортски перформанси и беспрекорно возење.

*Во зависност од моделот и моторот

СЕРИЈАТА INGENIUM

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2.

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новиот 2.0-литарски 4-цилиндричен 250PS бензински Ingenium мотор со турбо полнач во F-PACE развива извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три од дизел моторите во серијата F‑PACE се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење – собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот – за максимална економичност, особено во градското возење.

*Зависи од пазарот.

ИНСПИРИРАН ОД F-TYPE

ИНСПИРИРАН ОД F-TYPE

Бензинските мотори на F-PACE нудат моќност и брза реакција, а истовремено ја унапредуваат ефикасноста. 3.0-литарскиот бензински мотор со компресор којшто го делат со F-TYPE, е достапен во двете верзии за моќност, и 340PS и 380PS. Во верзијата од 380PS, моторот е способен да постигне 0-100km/h за 5,5 секунди. Овие целосно алуминиумски мотори осигуруваат моментален пристап до високите перформанси и вртежни моменти при кој било број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-литарскиот V6 300PS дизел мотор со двоен турбо полнач ја развива својата моќност на префинет и ефикасен начин, генерирајќи импресивен вртежен момент од 700Nm за да се добие возење со брза реакција. Со доводот на горивото управува комон реил систем за вбризгување на горивото, под притисок од 2000 bar, со помош на пиезоелектрични вбризгувачи, овозможувајќи ефикасно согорување и пониска емисија на издувни гасови.

ШАСИЈА И ПОТПИРАЊЕ

ШАСИЈА И ПОТПИРАЊЕ

Шасијата и потпирањето на F-PACE нудат единствен баланс помеѓу агилноста и комфорот.

РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Автоматската трансмисија со осум степени на пренос на F-PACE се одликува со брза реакција, мирна работа и ефикасност. Таа осигурува брзо менување на степените на пренос што овозможува лесно забрзување и претекнување без напор. Менувањето степени на пренос можете да го контролирате и рачно преку лопатките на воланот. Рачниот менувач* со шест степени на пренос се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос. Овој напреден менувач со мала тежина придонесува за извонредната ефикасност на F-PACE.

*Достапно само кај модели со турбодизел мотор од 2.0 литри со 4 цилиндри (во зависност од пазарот).

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC) И СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC) И СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)

Системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)* на Jaguar е контрола на мала патна брзина којашто се грижи да одржувате оптимална управливост во ситуации со мала тракција. Кај возилата со погон на сите тркала (AWD) кај коишто е вграден системот Прилагодлива динамика, опционалниот систем Прилагодување кон површината (AdSR) ги препознава разликите помеѓу површините за да го искористи расположивиот зафат на тркалата со површината преку прилагодување на поставките на моторот и на кочниците.

*Само кај моделите со автоматска трансмисија

JAGUARDRIVE CONTROL

JAGUARDRIVE CONTROL

Уникатниот систем JaguarDrive Control нуди побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kickdown“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим, порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот за да се подобри ефикасноста, додека пак режимот дожд-мраз-снег префрла во помеко движење во услови на мал зафат на тркалата со површината. Системот ви овозможува да избирате помеѓу искористување на целосните динамички перформанси на F-PACE и максимирање на неговата горивна економичност.

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)

Технологијата Насочување на вртежниот момент (Torque Vectoring) обезбедува контролирано независно кочење на внатрешните тркала (предно и задно) за да се максимира способноста на возилото и низ најтесните свиоци, намалувајќи го подуправувањето и овозможувајќи агилност како кај спортски автомобил и зголемена самодоверба на возачот.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

Електричниот серво управувач (EPAS) нуди извонредна повратна информација и контрола. Системот се активира по барање - штедејќи ја моќноста за таму кадешто навистина ќе ви треба, а го штеди и горивото. Софистицираната компјутерска контрола на системот ја менува помошта за управување според потребата - зголемувајќи ја помошта при маневрирање со мали брзини на движење, а на големи брзини го подобрува чувството.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Независно дали забрзувате на автопат, совладувате свиоци на локални патишта или се движите низ град, системот Прилагодлива динамика* ја модифицира реакцијата на F-PACE за да се совпадне со условите и со вашот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа меѓу смиреноста и комфорот за цело време. 



*Дел од стандардната опрема кај моделот F-PACE S, не е достапно со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 163PS дизел мотор.

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Инспириран од спортскиот автомобил F-TYPE, опционалниот систем Динамика којашто може да се конфигурира* ви овозможува да ја поставите динамиката на F‑PACE за мапирање на гаста, моментите на менување на степените на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси. Системот се активира кога ќе се избере динамичкиот режим во JaguarDrive Control. Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на F‑PACE со поостра реакција на гаста, го прави управувањето потврдо и дава побрза промена на степените на пренос и промената ја изведува на повисок број на вртежи на моторот.

*Само кај моделите со автоматска трансмисија. Дел од стандардната опрема кај моделот F-PACE S, не е достапно со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 163PS дизел мотор.