Logo jaguar mobile

Надворешност

Со својот моќен, агилен изглед и спортскиот карактер, F-PACE има уникатна појава на патот. Визуелно инспириран од Jaguar F-TYPE, F-PACE е перформансен SUV со ДНК на спортски автомобил.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

F-PACE е најнов во серијата на прекрасни, возбудливи автомобили. Со своите динамички пропорции, тој ја надградува аеродинамиката и ја унапредува способноста. Аеродинамичниот облик на автомобилот во форма на капка солза е нагласен со закосената линија на покривот, што го комплетира неговиот самоуверен став.

Креирајте свој модел

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката на F-PACE е клучна функција на дизајнот на неговата каросерија и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот Cd 0.34* . Резултатот кажува дека F-PACE навистина е така мазен како што изгледа. Крајно усовршената аеродинамика ги намалува потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и бучавата од ветерот, а истовремено ги подобрува стабилноста при големи брзини и самодовербата на возачот.

*Во зависност од моторот.

ПРИЛАГОДЛИВИ ЛЕД ФАРОВИ

Прилагодливите ЛЕД фарови* на F-PACE коишто имаат светла за дневно возење со карактеристиката на Jaguar - „Ј“ потписот, даваат светлина со интензитет кој е близу до интензитетот на дневната светлина, со што помагаат вашите очи полесно да ги распознаваат предметите, а истовремено и го намалуваат нивниот замор.

*Вградувањето зависи од моделот и пазарот. Во зависност од избраниот модел достапни се ксенон или халогени фарови

ДИНАМИЧКИ ПРОПОРЦИИ

F-PACE има динамичен изглед од секој агол. Со самоуверен преден дел, импозантна украсна маска и јасни остри рабови коишто смислено потсетуваат на спортската елеганција на F-TYPE.

СПОРТСКИ ТРКАЛА

СПОРТСКИ ТРКАЛА

F-PACE нуди голем избор на тркала од легура со аеродинамичен облик и мала тежина, а нуди и широк спектар на димензии на тркалата 18“ - 22“ - извонредно дополнение на динамичниот изглед на F-PACE. Изберете ги вашите тркала со помош на нашиот конфигуратор.

МОЌНИ ЗАДНИ КРИЛА

Изразените задни крила го надградуваат спортскиот карактер на F-PACE, инспириран од моделот F-TYPE, и формираат заводлив заден дел за ЛЕД крајните светла со висок интензитет.