Logo jaguar mobile

Jaguar Racing

ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА



JAGUAR ЕЛЕКТРИЗИРА

Ние, во Jaguar, сме посветени на создавањето електрични автомобили што се напојуваат преку батерија и се предизвик за возење. Преку нашиот тркачки тим во Формула Е, го забрзуваме развојот на технологиите за електрични автомобили, и ги доведуваме до нашата возбудлива палета од друмски автомобили што се напојуваат преку батерија , почнувајќи со моделот I‑PACE Concept.
Истражете го I-PACE Concept Истражете го Jaguar Racing

I-PACE CONCEPT

I‑PACE Concept е впечатливиот знак на нашиот прв електричен сериски автомобил што се напојува преку батерија. Автомобил со погон на сите тркала, моќност од 400PS, 5 седишта, со автономија од преку 500km*. Забрзува од 0 до 100km/h (0-60mph) за околу 4 секунди, и достигнува 80% наполнетост на батеријата за 90 минути со помош на брз полнач со еднонасочна струја со моќност од 50kW.

*Тест циклус според EU NEDC

Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности што ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.

Истражете го I-PACE Concept

СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

За да ги донесеме одушевувачките перформанси на Jaguar до нашата следна генерација од друмски автомобили, ние се натпреваруваме на патеката во шампионатот на ФИА во Формула Е. Тоа ни обезбедува реална, брза пробна патека за тестирање и усовршување на технологијата за електричен автомобил.

Истражете го Jaguar Racing