Logo jaguar mobile

ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Каде и да треба да одите, што и да треба да понесете со себе, E-PACE е дизајниран да ве превезе вас и вашите сопатници на едноставен начин, комфорно - и што е најважно, безбедно.

За да се добие оптимална безбедност, E-PACE е проектиран да вклучи пакет од карактеристики не само за да ве заштитат вас со сопатниците, туку и активно да се грижат за спречување на сообраќајните незгоди. Многу повеќе од збирот на нивните делови, системите за помош на возачот кај E-PACE работат заедно за да го направат возењето поедноставно и побезбедно.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Со опционалниот Клуч за актирање можете да уживате во вашите омилени активности, а клучот за автомобилот да го чувате во автомобилот на сигурно. За дополнителна удобност, Клучот за активирање можете да го ставите како алка на вашиот зглоб на раката. Алката е робусна и потполно водоотпорна, овозможувајќи ви да учествувате во многубројни активности. Едноставно допрете го вашиот Клуч за активирање на крајната врата за да го заклучите или отклучите автомобилот и да ја деактивирате или повторно да ја активирате конвенционалната клуч картичка.
 
Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Истражете

КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА*

Крајната врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација* му овозможува на возачот да ракува со крајната врата од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и крајната врата се отвора или се затвора.
 
* Достапно е само кога е вграден опционалниот систем Влегување без клуч.
 
Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Повеќе

ПОНЕСЕТЕ ГО СВОЈОТ СВЕТ СО ВАС

Големите предмети можат лесно да се сместат во багажниот простор со максимална ширина до 1,3 метри - што на E-PACE му овозможува со леснотија да пренесува спуштена детска количка. Со багажен простор со капацитет до 441 литри, можете многу лесно да сместите два куфера со средна големина и три куфери со големина на рачен багаж.
 
Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Повеќе

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Итно кочење

Ако се забележи потенцијален судар, E-PACE дава звучно предупредување за челен судар. Следат визуелни предупредувања. Ако возачот не преземе никакво дејство, системот го активира кочењето за да се намали силината на можниот судар. Овој систем вклучува и сензори за пешаци.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

Помош за задржување во коловозна лента

Чувствува кога вашето возило ненамерно излегува од вашата коловозна лента и нежно го враќа назад во лентата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

Надзор на состојбата на возачот

Забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување кога треба да направите пауза и да се одморите.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината

Системот Контрола на патна брзина ви овозможува да ја одржувате тековната брзина на возилото без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас – се грижи за намалување на заморот. Системот Ограничувач на брзината ви овозможува претходно да ја поставите максимално одредената брзина којашто возилото нема да ја надмине.

Елементи за помош при паркирање напред и назад

Го прават маневрирањето поедноставно и побезбедно – сензорите поставени во предниот и задниот одбојник се активираат кога ќе изберете степен на пренос за òд наназад. Како што се паркирате, дисплејот на екранот на допир и звучниот сигнал ви укажуваат колку сте блиску до пречките.

360° Систем од камери за опкружувачка слика*

Обезбедува поглед од 360° на надворешноста и го прикажува на екранот на допир, ви помага при разни маневрирања од паркирање крај рабник, до влегување и излегување од тесни премини и раскрсници.

*Опционална карактеристика.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Опционалните Матрикс ЛЕД фарови ги овозможуваат системите Помош за интелигентно долго светло (IHBA) и Прилагодливо предно осветлување (AFL). Преку делење на главниот сноп во невидливи ленти, системот IHBA го максимира бројот на секции на долго светло околу сообраќајот што доаѓа од спротивна насока за да се добие врвна видливост, додека во исто време формира сенка пред возилата што се движат од спротивната насока за да го спречи заслепувањето и за оптимална безбедност. Анимираните трепкачи за правец се грижат да се намали времето што е потребно другите учесници во сообраќајот да ја забележат вашата планирана насока на движење.

ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ ЗА ПЕШАЦИ

ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ ЗА ПЕШАЦИ

Во случај на судар сензорите во одбојникот го активираат воздушното перниче скриено под хаубата. Ова ја отвора хаубата, го активира надворешното воздушно перниче за да ги заштити пешаците или велосипедистите од контакт со ветробранското стакло.

ПАКЕТИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Прилагодлива контрола на патна брзина со помош при возење во колона

Го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас. Ако автомобилот пред вас потполно застане, тогаш вашето возило ќе застане во место. Откако сообраќајот ќе почне да се движи, допрете го педалот за гас и системот Прилагодлива контрола на патна брзина ќе продолжи да го следи автомобилот што е пред него.

Итно кочење при голема брзина

Забележува кога може да се појави ситуација за потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.

Помош за мртов агол3

Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога сте започнале да менувате коловозна лента, тогаш овој систем обезбедува точно одмерен вртежен момент за управувањето - безбедно водејќи го вашиот автомобил подалеку од возилото што приоѓа.

Набљудување на сообраќајот зад вас

Ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни на возилото. Системот ќе ви сигнализира и со звучни и со визуелни предупредувања дури и кога вашиот поглед е попречен.

Помош при паркирање

Паралелното паркирање и паркирањето под прав агол се поедноставни бидејќи системот управува со вашето возило при влез и излез од паркинг местото. Графиката и известувањата ве водат низ потребните маневри. Едноставно изберете го соодветниот степен на пренос и контролирајте ја брзината на движење.

360° Помош при паркирање

Сензорите што се поставени околу автомобилот автоматски ќе се активираат кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад. Системот може да се активира и рачно. Како што се паркирате, дисплејот на екранот на допир и звучниот сигнал ви укажуваат колку сте блиску до пречките.

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

1Вклучено во пакетите со спецификации SE и HSE или опционално. Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање. Само со автоматска трансмисија. 2Вклучено во пакетите со спецификациите S, SE и HSE или опционално. 3Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање.

Креирајте свој модел