Logo jaguar mobile

ОПЦИИ И JAGUAR ОПРЕМА

Со исклучителната колекција од опции на Jaguar и Jaguar Опрема, можете да го создадете најдобриот E-PACE во светот. Вашиот.

Дали вашиот E-PACE ја има вистинската Опрема? Од специјализираниот простор за складирање и првокласните патосници до прецизно изработените тркала од легура и спортските додатоци за надворешноста, на избор имате широка лепеза од опции и Jaguar Опрема за да ја заокружите појавата (го заокружите изгледот)..

Креирајте свој модел Посетете го одделот Додатоци

ОПЦИИ НА ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

ПАКЕТОТ BLACK

Опционалниот пакет Black додава чувство на драма. Во него се вклучени украсна маска, странични отвори за вентилација и рабови на прозорците во бојата Gloss Black.

ОПЦИИ НА ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Додавајќи топлина во студените зимски денови, опционалниот пакет Cold Climate вклучува греење на прскалките од системот за миење, греење на ветробранското стакло, волан од мека зрнеста кожа и греење на воланот.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА JAGUAR ОПРЕМА

Дадете му личен вкус на вашиот E-PACE. Пронајдете ги додатоците коишто одговараат на вашиот животен стил.

ФИКСНИ СТРАНИЧНИ СКАЛИЛА

Страничните скалила помагаат при влегување и излегување од автомобилот и го олеснуваат пристапот до покривот. Дизајнот се карактеризира со ознаките на Jaguar и вклучува декоративни рабови од не`рѓосувачки челик со блескава површина и гумен праг на нагазната површина, за да ги надополни стилските детали на надворешноста на автомобилот.

СТРАНИЧНИ ЦЕВКИ СО БЛЕСКАВА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА

Блескаво полираните странични цевки од не`рѓосувачки челик го надополнуваат стилот на надворешноста на автомобилот.

СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА

Страничните отвори за вентилација од висококвалитетни карбонски влакна обезбедуваат стилска надградба инспирирана од перформансите.

ОСВЕТЛЕНИ ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ПЛОЧКИ НА ПРАГОВИТЕ НА ВРАТИТЕ

Елегантни завршни плочки од не`рѓосувачки челик на праговите на вратите за возачот и совозачот. Светат кога е отворена или вратата за возачот или вратата за совозачот. Се истакнуваат со помош на мекото осветлување во бојата Phosphor Blue. Клиентот има можност да одреди монохроматска апликација од одобрените фонтови/ракописи.

СПОРТСКИ ПЕДАЛИ

Изработени од не`рѓосувачки челик и гума, опремата за педали сигурно „легнува“ на постоечките педали за да се добие современ, спортски изглед.

ЛУКСУЗНИ ПАТОСНИЦИ

Раскошни, предни патосници со густина на плетката на влакното од 2050g/m2 со втиснато лого на Jaguar и порабени со Nubuck кожа. Првокласните патосници обезбедуваат чувство на лусузна опременост на внатрешноста.

НАПРЕЧНИ КРОВНИ НОСАЧИ (ПОТРЕБНИ СЕ КРОВНИ ШИНИ)

Напречните носачи овозможуваат употреба на многубројни додатоци за носење багаж на покривот. Се монтираат на фабрички поставените кровни шини. Напречните носачи на E-PACE се карактеризираат со нов и уникатен механизам за брзо ослободување што овозможува нивно едноставно поставување или отстранување без употреба на алати.

НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ МОНТИРАН НА ПОКРИВОТ

Едноставен за поставување, се монтира на покривот, носач за велосипеди со заклучување којшто носи еден велосипед по држач. Може да се монтираат максимум три држачи.

КРОВЕН КУФЕР СПОРТ

Простран кровен куфер, со заклучување, со капацитет од 320 литри, дизајниран за спортска опрема, со димензии од 206 x 84 x 34cm.

CLICK AND PLAY

Click and Play е тип на додаток, може да се отстранува, што служи како држач за таблет и е достапен за разни таблети, а може лесно да се позиционира под многубројни агли за да се добие комфор во кабината и за забава на задните седишта.

CLICK AND HANG

Оваа отстранлива закачалка за палта ви овозможува кошулите и јакните да ги превезувате без да се истуткаат. На закачалката има и вградена кука за да можете да ја користите и надвор од возилото.

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел Посетете го одделот Додатоци