Logo jaguar mobile

ПАЛЕТАТА МОДЕЛИ НА E-PACE

Возбудливото возење, современата мајсторска изработка и секојдневната практичност се стандард. Сега, кој член од семејството E-PACE ќе го изберете?

E-PACE

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E-PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

• 17"-ни „Style 1005“ тркала од легура со 10 краци
• ЛЕД фарови
• Ретровизори на вратите со греење
• Предни седишта од мебел-штоф со прилагодување во 8 насоки
• Touch Pro 10”-ен екран
• Системи: Итно кочење, Задна камера, Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината, Помош за задржување во коловозна лента, Набљудување на состојбата на возачот, Елемент за помош при паркирање напред и назад.

E-PACE S

E-PACE S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

• 18"-ни „Style 9008“ тркала од легура со 9 краци
• ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со приодни светла
• Предни седишта од зрнеста кожа со прилагодување во 10 насоки
• Touch Pro и Connect Pro, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот.
• Освен со стандардните напредни системи за помош на возачот, E-PACE S доаѓа и со системите 360° Помош при паркирање, Забележување на сообраќајот одзади, Препознавање сообраќаен знак и Прилагодлив ограничувач на брзината.

E-PACE SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E-PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем MeridianTM. За да го направи секое ваше патување побезбедно и со поголемо уживање, E-PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

• 19"-ни „Style 1039“ тркала од легура со 10 краци
•ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла
•Предни седишта од зрнеста кожа со прилагодување во 14 насоки со мемориска функција
• Touch Pro и Connect Pro, вклучувајќи ги пакетот Smartphone, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот. Вграден е и врвниот звучен систем Meridian™.
• Освен со стандардните системи за помош на возачот, E-PACE SE доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината, пакет Park и пакет Drive. Во пакетот Park се вклучени системите 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Во пакетот Drive се вклучени системите Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, Итно кочење при големи брзини и Помош за мртов агол.

E-PACE HSE

Врвниот израз на E-PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

• 20"-ни „Style 5054“ тркала од легура со 5 двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант
• ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла
• Седишта од перфорирана Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција
• Touch Pro и Connect Pro, вклучувајќи ги пакетот Smartphone, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот. Вграден е и врвниот звучен систем Meridian™ и системот Интерактивен дисплеј за возачот.
• Освен со стандардните системи за помош на возачот, E-PACE HSE доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината, пакет Park и пакет Drive. Во пакетот Park се вклучени системите 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Во пакетот Drive се вклучени системите Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, Итно кочење при големи брзини и Помош за мртов агол.

E-PACE R-DYNAMIC

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E-PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

• 17"-ни „Style 1037“ тркала од легура со 10 краци
• ЛЕД фарови
• Ретровизори на вратите со греење
• Предни седишта од мебел-штоф со прилагодување во 8 насоки
• Touch Pro 10”-ен екран
• Системи: Итно кочење, Задна камера, Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината, Помош за задржување во коловозна лента, Набљудување на состојбата на возачот, Елемент за помош при паркирање напред и назад.

E-PACE R-DYNAMIC S

E-PACE R-Dynamic S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

• 18"-ни „Style 9008“ тркала од легура со 9 краци
• ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со приодни светла
• Предни седишта од зрнеста кожа со прилагодување во 10 насоки
• Touch Pro и Connect Pro, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот.
• Освен со стандардните напредни системи за помош на возачот, E-PACE S доаѓа и со системите 360° Помош при паркирање, Забележување на сообраќајот одзади, Препознавање сообраќаен знак и Прилагодлив ограничувач на брзината.

E-PACE R-DYNAMIC SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E-PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем MeridianTM. За да го направи секое ваше патување побезбедно и со поголемо уживање, E-PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

• 19"-ни „Style 1039“ тркала од легура со 10 краци
•ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла
•Предни седишта од зрнеста кожа со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки
• Touch Pro и Connect Pro, вклучувајќи ги пакетот Smartphone, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот. Вграден е и врвниот звучен систем Meridian™.
• Освен со стандардните системи за помош на возачот, E-PACE SE доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината, пакет Park и пакет Drive. Во пакетот Park се вклучени системите 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Во пакетот Drive се вклучени системите Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, Итно кочење при големи брзини и Помош за мртов агол.

E-PACE R-DYNAMIC HSE

Врвниот израз на E-PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

• 20"-ни „Style 5051“ тркала од легура со 5 двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант
• ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла
• Седишта од перфорирана Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција
• Touch Pro и Connect Pro, вклучувајќи ги пакетот Smartphone, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот. Вграден е и врвниот звучен систем Meridian™ и системот Интерактивен дисплеј за возачот.
• Освен со стандардните системи за помош на возачот, E-PACE HSE доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината, пакет Park и пакет Drive. Во пакетот Park се вклучени системите 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Во пакетот Drive се вклучени системите Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, Итно кочење при големи брзини и Помош за мртов агол.

E-PACE First Edition

Достапен само за првата моделска година, First Edition во себе содржи ексклузивни дизајнерски детали вклучувајќи ги 20”-ните „Style 6014“ тркала од легура со двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант и уникатната внатрешност од Windsor кожа во бојата Ebony со двојно порабување во контрастната боја Flame Red.

• 20"-ни „Style 6014“ тркала од легура со 5 двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант
• ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис
• Клуч за активирање
• Предни седишта со прилагодување во 18 насоки, со греење и мемориска функција
• Touch Pro и Connect Pro, вклучувајќи ги пакетот Smartphone, InControl Apps, Navigation Pro, Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот. Вграден е и врвниот звучен систем Meridian™ и системот Интеракивен дисплеј за возачот.
•Освен со напредните системи за помош на возачот кај E-PACE HSE, E-PACE First Edition доаѓа и со Head-up дисплеј.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА МОТОРИТЕ

На избор имате пет Ingenium мотори — три дизел мотори и два бензински мотори. Сите ја имаат технологијата Стоп/Старт, се карактеризираат со алуминиумска конструкција со мала тежина, пониска емисија на издувни гасови, подобра потрошувачка на гориво и беспрекорна моќност.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА

Сакате да дознаете повеќе? За детални информации во врска со E-PACE, преземете ја најновата брошура тука.

Преземете ја брошурата