Logo jaguar mobile
Play

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Обезбедувајќи богатство од информации и забава, InControl е нашиот пакет од напредни технологии што ве поврзува и вас и вашиот E-PACE со останатиот свет.

InControl се карактеризира со интуитивни и напредни интегрирани технологии за да може секој да ужива на свој начин во патувањето. Екранот Touch Pro од 10” поставен во срцето на централната конзола ги поддржува гестикулациите со поминување со прст и штипнување и нуди богата аудио-визуелна забава.

Креирајте свој модел

ПАМЕТНИ ПОСТАВКИ*

Дизајнирана за да понуди персонализирано доживување, технологијата Паметни поставки автоматски го идентификува секој возач што го користи својот клуч и телефон и може да запомни бројни поставки зачувани во неговиот профил. На почетокот од вашето патување, системот може да ги избере вашите посакувани положби на седиштето и ретровизорите, како и тоа кој медиум да емитира содржина. (339/200)
 
*Паметни поставки е дел од пакетот Connect Pro и е дел од стандардната опрема кај моделите E-PACE S, SE и HSE.

TOUCH PRO

TOUCH PRO

За да го збогати доживувањето во автомобил, Touch Pro нуди до 4 прилагодливи основни екрани и кратки времиња на одговор како и гласовна контрола. Интерактивната странична табла ви овозможува да изберете од понудените табли - така да полето на вашиот главен екран може да се користи за навигација, додека страничната табла обебедува контроли за телефон. Едноставно лизгајте со прстот нагоре и надолу за да се префрлувате помеѓу повеќето табли.

ПАКЕТИ INCONTROL

ПАКЕТ CONNECT PRO

За понатамошно унапредување на Touch Pro, опционалниот пакет Connect Pro се состои од системот Паметни поставки, 4G Wi-Fi хот-спот, системот Pro Services и системот за навигација Navigation Pro. Дизајниран за да го унапреди вашето доживување во автомобилот и надвор од него, пакетот обезбедува вие и вашите сопатници да уживате во патувањето, а во исто време да останете поврзани со светот.

ПАКЕТ SMARTPHONE

Опционалниот пакет Smartphone ја олеснува употребата на апликации што се прикажани на вашиот
паметен телефон преку споделување екран со системот за информации и забава на E-PACE. Ако имате
iPhone, на располагање ви е Apple CarPlay. За паметни телефони со Android, на располагање ви е Android
Auto. Технологијата Jaguar InControl Apps исто така овозможува апликациите што се оптимизирани за возилото да се контролираат преку екранот на допир на E-PACE. Едноставно, поврзете го вашиот паметен телефон преку USB кабел.

REMOTE

Апликацијата Remote обезбедува информации за вашето возило и ви овозможува далечинска комуникација со возилото. Оваа услуга ги вклучува функцијата Optimised Assistance којашто испраќа податоци за вашата локација и дијагностички податоци во случај на дефект и функцијата SOS итен повик. Апликацијата Jaguar InControl Remote ви овозможува и далечинска проверка на нивото на гориво, а може дури и да го пронајде вашето возило на преполн паркинг.

SECURE TRACKER*

Ако некој провали во вашиот автомобил или ако го придвижи нелегално, опционалниот систем Secure Tracker автоматски испраќа известување до вас и до центарот за набљудување, и ќе се погрижи возилото да се лоцира и да се оспособи што е можно побрзо. Дури и ако вашето возило е украдено со клучевите, вие можете да го известите повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата за паметен телефон Secure Tracker.
 
*Достапно е само со апликацијата Remote.

Play
Play

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Опционалниот Head-up дисплеј (HUD) ги прикажува клучните податоци за возилото врз ветробранското стакло. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција, овозможувајќи ви да ги гледате со леснотија сите команди на возачот и информации.
 
Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

E-PACE се карактеризира со опционален 12.3"-ен Интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција, што гарантира дека секогаш ќе уживате во забавата, ќе бидете информирани и поврзани. Системот може да прима и прикажува информации за возењето, забавни содржини и податоци за активната безбедност вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите.

ЗВУЧЕН СИСТЕМ MERIDIAN™

Оживејте ја вашата музика со двата звучни системи од британските експерти за звук Meridian. Врвниот звучен систем Meridian со опкружувачки звук со технологијата Trifield™ емитира полн и чист звук како да се работи за изведба во живо преку своите 15 звучници.

ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN AUDIO

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ