Logo jaguar mobile
Play

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Со унапредена динамика на возење и префинетост, секое патување во E-PACE претставува задоволство.

Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Урамнотежен и со брза реакција во свиоците, E-PACE брзо и прецизно одговара на вашите команди за возење.

Креирајте свој модел
Play
Play

ВОЗЕЊЕ И УПРАВЛИВОСТ НА JAGUAR

Шасијата на E-PACE е развиена за да се добие агилна и префинета друмска динамика. Алуминиумските компоненти на шасијата се користат за да се унапреди потпирањето преку зголемување на крутоста. За да се подобри комфорот во возењето E-PACE има систем со целосно независно потпирање со дизајн на задното потпирање од типот multi-link.

Истражете

Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Play

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

За перформанси во разни услови, системот Погон на сите тркала (AWD) интелигентно ја контролира распределбата на вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Погонскиот вртежен момент се балансира меѓу двете оски за целосно искористување на расположивата тракција од сите четири тркала.

Информирајте ме редовно

АКТИВЕН ПОГОН

За зголемена агилност, системот Активен погон ја оптимизира тракцијата и обезбедува управливост со карактеристики на погон на задните тркала. Системот овозможува до 100 проценти од погонскиот вртежен момент на задната оска да се распредели до кое било задно тркало во согласност со расположивиот зафат на тркалата со подлогата.

Прикажаниот модел е E-PACE S во Borasco Grey боја. Дел од прикажаната опрема може да биде во опција или да не биде достапна кај сите пазари и мотори.

Повеќе

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА

Системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) се грижи да добиете зголемена самодоверба во лизгави услови. Системот работи како контрола на мала патна брзина што се грижи E-PACE да се справи со ситуации со мала тракција, без оглед на временските услови - овозможувајќи ви да се концентирате на управувањето.

Креирајте свој модел

Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

Повеќе

МОТОР И ТРАНСМИСИИ

Од моќност и вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од Ingenium мотори достапни за Jaguar E-PACE. Автоматската трансмисија со 9 степени на пренос, којашто се одликува со брза и глатка работа, обезбедува секогаш да бидете во оптималниот степен на пренос максимирајќи ја ефикасноста на горивото и забрзувањето. За уште поголемо учество на возачот и намалена потрошувачка на гориво, изберете ја рачната трансмисија со 6 степени на пренос.

ФАМИЛИЈАТА INGENIUM

ФАМИЛИЈАТА INGENIUM

Нашите мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Стоп/Старт и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Ingenium бензинските мотори на E-PACE ги користат најсовремените иновации, како што е системот Постојано променлив òд на вшумукавчките вентили (Continuous Inlet Variable Valve Lift), за да се надградат перформансите во секој аспект, да се намали потрошувачката на гориво и се грижи за намалувањето на емисијата на CO2.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

За глатки секојдневни перформанси, алуминиумските Ingenium дизел мотори со мал коефициент на триење на E-PACE се карактеризираат со технологија на турбо полнач за голем вртежен момент низ целото подрачје на бројот на вртежи и брза реакција што е постојана, прогресивна и ја намалува турбо дупката.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Автоматската трансмисија со 9 степени на пренос на E-PACE се одликува со брза реакција, глатка и ефикасна работа - обезбедува брзо менување степени на пренос за да се добие беспрекорно забрзување. За уште поголемо учество на возачот и намалена потрошувачка на гориво, високонапредниот рачен менувач, со мала тежина, со 6 степени на пренос нуди глатки, кратки менувања на степените на пренос.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика нуди и прецизна динамика и еластично возење преку набљудување на позицијата на тркалата и движењата на каросеријата. Амортизерите со електронска контрола се прилагодуваат за да се оптимизираат поставките на потпирањето и да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

За да се унапредат префинетоста и комфорот или перформансите на автомобилот, опционалната функција Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да го персонализирате мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос, поставките за управувањето и потпирањето на E-PACE за да одговараат на вашите потреби во возењето.

JAGUAR DRIVE CONTROL

За персонализирано доживување во возењето, системот JaguarDrive Control ви овозможува да го изберете режимот Normal (нормален режим), Eco (економичен режим), Dynamic (динамичен режим) или Winter (зимски режим) - секој од нив суптилно ги менува управувањето и мапирањето на гаста.

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел