Logo jaguar mobile

ЦЕЛОСНО НОВИОТ E-PACE

Целосно новиот E-PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 124* со рачен менувач
Од 147 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,7 со рачен менувач
Од 5,6 со автоматска трансмисија
 
*Кога се вградени 17"-ни тркала од легура.

Со кокпит фокусиран кон возачот, сместен во срцето на внатрешноста ориентирана кон фамилијарните каратеристики, целосно новиот E-PACE го спојува возбудливото доживување од возењето на Jaguar со секојдневната практичност и простор за складирање во внатрешноста којшто е водечки во класата. Досега немало компактен СУВ како овој.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

РОДЕН ЗА ДА ГИ ВОЗБУДУВА СЕТИЛАТА

Возбудливо, инстинктивно возење е во ДНК на секој Jaguar. Запознајте го целосно новиот E-PACE, компактниот СУВ со рикот на Jaguar.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

ИЗГЛЕД ПО КОЈ СИТЕ СЕ ВРТАТ

Со својата извајана хауба и мускулест заден дел, E-PACE е динамичен и агилен SUV со линии на coupé. За впечатливо присуство на патот, E-PACE поседува елегантни предни LED светла и LED светлосен потпис назад. За поголема безбедност со стил, изберете Matrix LED предни светла со дневни светла и инспиративни трепкачи.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТ

КОКПИТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

Внатрешноста на E-PACE со фокус кон возачот се карактеризира со висококвалитетни материјали и современ дизајн. Кокпитот се обмотува околу возачот, поставувајќи ги сите елементи за контрола и копчиња на дофат на раката, така што можете да се концентрирате на возбудата од возењето.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
Play

ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Откријте ја возбудата што ја носи возењето на E-PACE. Нудејќи единствен баланс помеѓу агилноста и комфорот во возењето, системот со целосно независно потпирање има софистициран дизајн на задното потпирање од типот multi-link. Напредните технологии за возење вклучувајќи ги Активен погон и Прилагодлива динамика обезбедуваат дека E-PACE нуди агилно, контролирано возење.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ

Прикажаниот модел е E-PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Дизајнирана за да го направи возењето побезбедно и со поголемо уживање, најсовремената технологија на E-PACE го вклучува нашиот систем за информации и забава Touch Pro којшто се карактеризира со 10”-ен екран на допир во стилот на таблет. За да се обезбеди персонализирано доживување, функцијата Паметни поставки* запомнува бројни поставки зачувани во секој профил на возач, вклучувајќи го и податокот кој медиум сакате да емитира содржини во текот на вашето патување.

*Паметни поставки е дел од пакетот Connect Pro и е дел од стандардната опрема кај моделите E-PACE S, SE и HSE.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО АВТОМОБИЛ
Play

МЕСТО ЗА СЀ

E-PACE има простор за складирање во внатрешноста којшто е водечки во класата. Длабоката централна конзола со држач за чаши што може да се отстрани, обезбедува високофлексибилен простор. Големата касета пред совозачот е одлично место за сите битни работи што сакате да ви бидат при рака, а длабокиот простор за одлагање предмети во двете предни врати е извајан за да се грижи за мноштво ситници.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПРАКТИЧНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА
E-PACE ЗНАЧИ БИЗНИС

E-PACE ЗНАЧИ БИЗНИС

Како прв компактен СУВ на Jaguar, новиот E-PACE ги комбинира впечатливата појава на патот со пространата практичност - фантастична комбинација за бизнис возачите. Додадете ги на тоа палетата од ефикасни Ingenium мотори и светски познатата перформансна технологија за да можете успешно да се справувате со сите услови со што добивате неодолив избор за вашиот возен парк.

ПАЛЕТАТА МОДЕЛИ НА E-PACE

Возбудливото возење, современата мајсторска изработка и секојдневната практичност се стандард. Оттаму, кој член од семејството E-PACE ќе го изберете?

E-PACE

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E-PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

E-PACE S

E-PACE S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

E-PACE SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E-PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем Meridian. За да го направи секое ваше патување дури и побезбедно, порелаксирано и со поголемо уживање, E-PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

E-PACE HSE

Врвниот израз на E-PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

E-PACE R-DYNAMIC

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E-PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

E-PACE R-DYNAMIC S

E-PACE S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

E-PACE R-Dynamic SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E-PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем Meridian. За да го направи секое ваше патување дури и побезбедно, порелаксирано и со поголемо уживање, E-PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

E-PACE R-DYNAMIC HSE

Врвниот израз на E-PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

E-PACE First Edition

Достапен само за првата моделска година, First Edition во себе содржи ексклузивни дизајнерски детали вклучувајќи ги 20”-ните „Style 6014“ тркала од легура со двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант и уникатната внатрешност од Windsor кожа во бојата Ebony со двојно порабување во контрастната боја Flame Red.